Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20 милиони фунти годишно.
Артета е на чело на Арсенал од декември 2019 година. Минатата сезона, под негово водство, тимот стана шампион на Англија за прв пат по 22 години.
„Овој момент е извор на гордост и за мене и за моето семејство. Ја чувствувам љубовта и почитта од нашите неверојатни навивачи и им ја возвраќам таа љубов во име на целиот клуб“, рече Артета.
Извор: sportmanija.mk


