Артета: Арсенал можеше да постигне повеќе против Евертон

March 2, 2023
1 min read

Тренерот на Арсенал, Микел Артета се осврна на победата над Евертон (4:0) во одложениот натпревар од 7. коло на шампионатот на Англија.

– Воодушевен сум од победата и од тоа како одигравме по првите 25 минути, иако имавме некои тешкотии на почетокот. Само што го постигнавме првиот гол, играта се отвори. Ни требаше магичен момент и Букајо го создаде. После тоа се подобривме и заслуживме да победиме. Арсенал одигра многу добро во вториот дел и можеше да постигне повеќе. Не се сомневав дека ќе се вратиме по поразот од Сити. Кога ги гледам моите играчи секој ден, разбирам колку сакаат да победуваат, изјави Артета за „Би-би-си“.

Лондонскиот тим ја извојува третата победа во низа и со 60 бода продолжува да води во Премиер лигата.

Евертон е на 18. место со 21 бод.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојави за бомби утрово во 18 училишта во Скопје

Следно

Дојави за бомби повторно уште рано изутрина пристигнале на адресите на 18 училишта

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop