Арсовска: Вработен во општина Ѓорче Петров имал дива депонија, клиент била општината – токсичен отпад завршувал кај Лепенец

1 min read

Службите на Градот детектирале еколошка катастрофа на парцела од 4.000 метри квадратни приватен имот и 5.000 метри квадратни имот на Македонија, во близина на реката Лепенец. Ова го објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Приватната дива депонија се наоѓа на парцела која е во сопственост на компанија која е под истраги за други дела, како и на лице вработено во општина Ѓорче Петров во секторот финансии, а од неодамна е избран и за член на раководството на синдикат на вработените во општината, рече Арсовска, пренесува Макфакс.

Како што објави таа одговорните по дојава биле фатени на лице место додека вршеле екоцид, спречени се во вршење нелегални активности, прибрани се докази, а состојбата е фотографирана. Дополнително случајот е пријавен во МВР, а на лице место излегла и полицијата.

-Нема да дозволиме никој свесно и за профит да ги труе Скопјани.  Констатирано е дека приватната дива депонија се користела како бизнис од наведените лица, кои не само што предизвикале екокатастрофа со истурање отпад во заштитната зона на реката Лепенец, туку и се осомничени за финансиски криминал. Прашањето е дали најголем клиент на овие лица кои вршеле екоцид е општината Ѓорче Петров. Во документацијата во која се водела илегална евиденција, може јасно да се констатира дека покрај градежните фирми и приватни лица од кои се наплаќало од 1.000 до 1.200 денари, најчест клиент кој депонирал опасен отпад е општината. На оваа локација, од истата илегална евиденција може да се види дека меѓу 50 и 100 тешки товарни возила на ден истурале токсичен и канцероген отпад, рече Арсовска, додавајќи дека ова се случувало во изминатите две години.

Случајот Арсовска го оцени како скандалозен и криминален. Им се заблагодари на  екипите на МВР за брзата реакција, но и интересот, како што рече, да се стави крај на ваквиот тип на криминал.

Аросовска апелира што побрзао да се процесуира случајот, а најави и посебна кривична пријава за градоначалникот на општината Ѓорче Петров. Го повика си поднесе морална одговорност и одговорност од функцијата градоначалник.

Извор: skopskoeho.mk

Претходно

„Катимерини“:Грција блокирала одбранбен договор ЕУ-Албанија, поради случајот со градоначалникот

Следно

ОВАЦИИ ЗА ПРВАТА ПРЕМИЕРА НА СЛОБОДАН УНКОВСКИ ПО 20 ГОДИНИ ВО СЛОВЕНИЈА

Latest from Blog