Арсовска со реакција по повод иницијативата за смена на градоначалници

December 22, 2023
1 min read

Во текот на вчерашниот ден ЛДП излезе со иницијатива измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници. Според нив ова што се случува во главниот град е знак дека треба да има механизам отповикување на градоначалниците.

Според нив главен мотив е лошото менаџирање на Скопје од страна на градоначалничката Арсовска.

– “Со длабоко разочарување и загриженост ја гледам сегашната состојба во нашиот главен град. Паметам поубаво Скопје, град на светлина, култура и зеленило, а не град кој сега е завиен во темнина и се гуши во смет. Се чини дека сегашните локални власти се оддалечиле од основните потреби и желби на своите граѓани. Некогаш, Законот за локална самоуправа од 1996 година оставал законска можност за граѓаните активно да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нивните животи, вклучително и механизмот за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година беше избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалници“, рече претседателката Зајкова.

Реакција стигна и од Аросовска. За Телма таа изјави дека ова е крајно несериозна иницијативата и нема да коментира иницијативи од сателит партии.

– „Несериозно е да коментирам изјави на сателит партии, особено на партија од чии редови произлегуваат кадри кои никој не ги препознава во политиката, па на овој начин се обидуваат да се профилираат. Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа.„ реагира Арсовска.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре Ден на жалост во Чешка поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага

Следно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 20.057

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop