Арсовска негира дека е скратен буџетот на МКЦ и дека имало притисок врз ексдиректорот

January 26, 2023
2 mins read

Не е точна информацијата дека на МКЦ му се скратени 90 проценти од буџетот. Средставата доделени од Градот Скопје за МКЦ не се скратени, а програмата која самите луѓе од МКЦ ја направија е одобрена од Градот и во ниту еден момент и по ниту една ставка нема да се менува. Но, нема да дозволиме МКЦ некој да го користи како „параван“ за да го скрие сопственото манипулативно однесување, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа на денешната прес-конференција информираше дека в.д. директорот на МКЦ не е разрешен од таа функција која ја изршуваше, туку договорот врз основа на кој беше назначен за вршител на должноста, согласно законот му завршил.

-Што се однесува до лажните вести за новоден притисок врз претходниот в.д. директор на МКЦ, во целост ги отфрламе овие обвинувања и најавувам доколку Ванчо Богоев во рок од 48 часа не се извини за изнесените лаги, изнесеното ќе треба да си го докажува пред надлежен суд. Уште минатата недела во МКЦ почна спроведување на редовна годишна ревизија која е планирана уште од минатата година. Забележани се неколку недоследности кои беа клучни при носењето на одлуката за функцијата на Богоев како в.д. директор, додаде таа.

Прашана дали ќе се воведе нов конкурс, Арсовска потенцираше дека треба да има нов конкурс и истиот ќе биде објавен, меѓутоа како што посочи, „ништо нема да биде на овој начин на кој што господинот Богоев би сакал да биде“.

-Богоев не сакаше нов конкурс, туку сакаше тој да биде повторно в.д. директор и се бунеше зошто не му бил продолжен. Сите постапки кои ќе бидат преземени ќе бидат во рамки на она кое што на нас прописите ни го дозволуваат и тоа ќе го направиме во најдобар интерес на МКЦ, рече градоначалничката.

Арсовска информираше дека минатата година на МКЦ од основниот буџет на Град Скопје му биле одобрени 10,7 милиони денари, а оваа година од основниот буџет на Градот се одвиени 8,7 милиони денари.

Што се однесува до сумата која се одвојува од буџетот за дотации на Градот Скопје, Арсовска рече дека  во минатата година биле одобрени за овој буџет 34 милиони денари, додека оваа година повторно се одвоени 34 милиони денари.

-Намалувањето во вкупен износ е незначително и во ниту еден случај не е затоа што Градот нема интерес оваа институција да функционира туку напротив, Младинскиот културен центар мора да работи и може да работи самоодржливо со капацитети со кои располага, рече Арсовска. 

Арсовска посочи дека МКЦ има повеќе од пола милион евра сопствени средства кои треба да се трошат наменски и соодветно за дејноста која што оваа јавна установа ја врши.

-Верувам дека како што успеа јавноста да слушне за едната страна, треба исто така да разбере и кои се работите кои таму се случуваат и прашувам зошто доколку не се крати од средствата на МКЦ, зошто доколку не се кратат програмските активности и не се крати ништо од она кое тие самите го донеле и никој не им влијае на начинот на кој што ја креираат програмата внатре, ниту некој им кажува дали таа програма е соодветна или не, туку тие самите одлучуваат по основ на таа програма, зошто тогаш некој би протестирал, освен ако не е грубо изманипулиран, рече Арсовска.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милков: Бугарија ќе ги преземе сите мерки за случајот „Пендиков“ и веќе работиме на тоа

Следно

Дачиќ со нов наратив кон Русија и најава за можно воведување санкции, оценуваат регионалните медиуми

Latest from Blog

Насилни протести поради смрт на девојче во Австралија (ВИДЕО)

Премиерот на Австралија, регионалниот началник на полицијата и портпаролот на семејството на жртвата повикаа на смиреност откако лута толпа од околу 400 домородни луѓе се собра вчера вечерта пред болницата каде што

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани

Охрид, 1 мај  – Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-премиерот и министер за транспорт, Александар Николовски и градоначалникот, Кирил Пецаков, денеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат низ Охрид, а

Карик: Мечот против Ливерпул е еден од моите омилени

Мнигу одамна, тимот на Манчестер Јунајтед пред еден дуел против вечниот ривал, екипата на Ливерпул не бил во подобра ситуација на табелата. Реално, Ливерпул доминираше изминатите неколку сезони, беше во далеку подобра

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво
Go toTop