Арлинда Кадри Шахиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска избрани за членки на Судскиот совет

January 12, 2026
1 min read

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет.

Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во образложението истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет.

Претседателката Сиљановска – Давкова нагласи дека реформите во правосудството треба да ги предводат личности кои се препознатливи и докажани во својата област.

Сиљановска-Давкова посочи дека двете кандидатки не ги предложила затоа што се жени, туку пред сè поради нивната стручност и компетентност. Според неа, регрутирањето лица посветени на правото, стручни и компетентни во областа, ќе придонесе за воспоставување исти критериуми и при изборот на судиите, зголемување на нивната одговорност, како и за добивање аргументирани извештаи од Судскиот совет со конкретни предлози за надминување на проблемите во правосудството, што ќе значи исчекор во реформите.

Во рамки на денешната седница, пратениците во прво читање ги усвоија и предлозите на закони за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување, Законот за системот за проценка на лица со попреченост, како и Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од Банката за развој при Советот на Европа за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали.

Во тек е расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Победа на ВЛЕН на изборите – јасна порака од албанската заедница

Следно

Мектоминеј: Во Наполи откажување не е опција

Latest from Blog

ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и нејзините подружници „Карго“ и „Ситилајн“ започнаа масовен дводневен штрајк, кој предизвика сериозен колапс во воздушниот сообраќај. Протестот, кој започна кратко по полноќ, се очекува да трае

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

фото: Arsenal @Arsenal (X) Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј.

Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, напиша на својата Фејсбук страница дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честитал победата. „Премиерот Виктор Орбан ни ја честитал победата по телефон“, напиша Петер Маѓар.
Go toTop