„Архиви на невидливите“ ги враќа вредностите на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија

December 13, 2024
1 min read

Центарот за истражување на национализмот и културата ЦИНИК, Скопје овој викенд организира два настани по повод одбележувањето на јубилејот од формирањето на масовната женска организација АФЖ во Македонија (14-15.12.1944).

Утре, сабота 14 декември со почеток во 19 часот во Музејот на Македонија ќе се одржи промоција на втор зборник научни текстови чиј главен истражувачки фокус е првото женско списание – „Македонка“. Зборникот со наслов „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), артикулации на сеќавања и критички прикази“ нуди специфични и продлабочени наоди за периодот додека се печател овој весник. Автори на текстовите се: Ана Колариќ, Петар Тодоров, Ана Ашталковска Гајтаноска, Славчо Димитров, Христина Иваноска и Елени Новаковска. Уредничка на публикацијата е Јана Коцевска. Промоторка е Ана Василева. Изданието ќе биде бесплатно дистрибуирано за присутните на промоцијата.

Во недела, 15 декември со почеток од 13 часот ќе се случува Тркалезна маса конципирана од страна на програмскиот одбор составен од Ивана Хаџиевска, Андријана Папиќ и Јана Коцевска, на тема: „АФЖ: Недовршена револуција – сеќавање на минатото, замислување на иднината“. Настанот се надоврзува на практиките за одбележување на јубилеите на АФЖ низ дискурсот на претставници од релевантните институции и научната јавност, кои кулминирале во 1970те години, за по 1990те години да исчезне од јавноста. Тркалезната маса има за цел да собере експерт(к)и, со искуство од областа на женската историја, односно феминистичкиот активизам, кои низ отворена дискусија ќе ги артикулираат прашањата поврзани со политиките на сеќавање/заборав, третманот на антифашистичките идеи и историски искуства во современиот контекст, женската историја во јавниот простор и значењата на комплексното наследство на АФЖ. Дискусијата ќе ја модерира Ана Василева. Тркалезната маса е простор отворен за претставнци/чки од научните, образовните институции, како и од граѓанската сфера и медиумите, а тие ќе имаат можност да се надоврзат на дискусијата. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовановиќ: Зголемувањето на ДДВ е товар за сиромашните, богатите остануваат недопрени

Следно

Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Белгија

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop