Argentina Night во Скопје, настан кој нé носи во срцето на Јужна Америка

1 min read

Хотел Лимак во Скопје на 7 и 8 април ќе биде домаќин на возбудлив настан Argentina Night кој за момент ќе нé однесе во срцето на Јужна Америка.

Од Буенос Аирес во Скопје – Вечерта ќе биде исполнета со музика, танцување и вкусна храна инспирирана од енергичната култура на Аргентина. Гостите ќе бидат почестени со настап во живо на автентичен аргентински бенд. Покрај музиката, на настанот ќе биде збогатен со аргентинско мени и вкусна храна од аргентинска кујна. Присутните ќе имаат можност да се  препуштат на вкусовите и аромите на оваа вкусна кујна, која е позната по смелите вкусови и употребата на свежи состојки.

„Поканата е отворена за сите, особено оние кои се заљубени во аргентинското танго, кујна, култура и фудбал. Гостите ќе имаат неповторлива можност во срцето на Скопје да ја доживеат аргентинската култура и да ја вкусат аргентската храна“, порачуваат од хотелот Лимак.

Тие додаваат дека Argentina Night ќе биде забавен и возбудлив начин да се доживее културата и кујната на оваа прекрасна јужноамериканска земја.Информации и резервации на телефонските броеви: 02/5518100 и 075/301-834

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Ристески: Животот нема цена, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува законот за набавка на лекови за пациентите од цистична фиброза, пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски

Следно

Марко Верати си заминува од ПСЖ?

Latest from Blog