Арбен Рамадани на местото на разрешената Верзиволи

August 11, 2024
1 min read

Aрбен Рамадани е главен ревизор на ИПА фондовите. Владата го назначи на оваа функција, по разрешувањето на Афрона Верзиволи, која немаше сертификат за вршење на оваа функција.
Ревизорот Рамадани дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа за финансии и бизнис.

Веќе 14 години е вработен во институцијата која е одговорна за контрола на управувањето и трошењето на средствата кои Европската Унија и ги обезбедува на Македонија преку ИПА програмата. Првично, од 2010 до 2012 година, тој беше ревизор за компонентата ИПА 5, а потоа и овластен државен ревизор. Од 2020 до 2024 година работи како виш ревизор, додека во последно време работи како независен ревизор за унапредување на ревизијата.

Рамадани, од 2019 година е и овластен сметководител.

Антикорупциска отвори случај за именувањето на Верзиволи, бидејќи до нив се доставени анонимни поднесоци дека на позицијата главен ревизор на фондовите на ЕУ е поставено несоодветно лице. Неофицијално, Делегацијата на Европската Унија испитуваше и дали Владата го поставила соодветниот кадар на оваа позиција.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Официјални податоци: Израел уби 1,8 отсто од населението на Газа

Следно

Наместо базен, на Запад се бара бункер

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop