Арачиново чека асфалт – атмосферската канализација е поставена, но патиштата останаа уништени

July 28, 2025
1 min read

„Се наоѓаме во Арачиново, поточно кај централната џамија. Како што гледате, овој пат со месеци е во ваква состојба по изградбата на атмосферската канализација“, вели репортерката на ТВ21.

Голема прашина, чакал и парчиња асфалт, а автомобилите едвај поминуваат.

Откако беше изваден асфалтот за да се постави атмосферската канализација, патиштата останаа уништени и полни со дупки. Жителите се жалат дека им се расипуваат автомобилите и бараат алтернативи за да го избегнат овој пат.

„Овој пат е уништен скоро една година, никој не се интересира! Отидов на аџилак, се вратив, мислев дека ќе го најдам среден, но не го најдов. Еден месец како сум се вратил – ништо! Имам три коли, тука моите коли ниту еден ден не поминуваат, сите одат од таму долу или се качуваат горе и повторно се враќаат долу.“, велат граѓани.

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, изјави дека се во последната фаза со интервенциите за канализацијата, додавајќи дека наскоро завршува и постапката за јавна набавка што го опфаќа асфалтирањето.

„На тој пат реализиравме неколку фази на инфраструктурна интервенција. Најпрво ја средивме атмосферската канализација и ја реконструиравме водоводната мрежа затоа што тоа беше една од најкритичните точки на мрежата, каде што се јавуваа најчестите дефекти, и тоа беа две завршени фази. Моментално сме во последната фаза, овие денови течат законските рокови за јавна набавка што опфаќа целосно асфалтирање на улицата 14 и пешачка патека.“, вели Ридван Ибрахими.

Денеска во Арачинoво беше и првиот вицепремиер Изет Меџити, кој рече дека Владата издвојува 53 милиони денари за патиштата и улиците во Арачиново и дека сигурно и овој пат ќе биде опфатен со тие средства.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајка монструм од Гостивар: Ги снимала децата додека ги силувале

Следно

Украина му се заблагодари на Трамп по најавата за скратување на рокот од 50 дена за прекин на огнот со Русија

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Go toTop