Апсења за дрога во Скопје и околината, фатени 6 лица

January 28, 2023
1 min read

Дрога пронајдена кај повеќе лица,во одделни случаи, во текот на вчерашниот ден и денеска по полноќ. 

Денеска (28.01.2023) во 02.35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Т.С.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. 

На 27.01.2023 во 19.00 часот на автопатот Велес – Скопје, во близина на Башино Село, велешко, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај – Петровец, ги лишија од слобода Н.Д.(39) и А.Д.(43), двајцата од Охрид, затоа што при преглед кај А.Д. била пронајдена прашкаста материја.

Денеска (28.01.2023) во 01.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишена e од слобода Д.Н.(20) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена марихуана.

На 27.01.2023 во 18.45 часот на подрачје на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Н.А.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

На 27.01.2023 во 11.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи против сторителите ќе бидат поднесени соодветени поднесоци. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мицкоски: Потребни се избори, за да имаме влада избрана од народот, ова е влада каде Али е стопанот, а Ковачевски послушник, кој не е избран од народот

Следно

Борел побара од Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите

Latest from Blog

Голтнал дрога за време на полициско испрашување, подоцна починал во болница

Полицијата интервенирала поради возење во пијана состојба, а осомничениот се обидел да ја скрие дрогата во устата. За време на контролата на возачот, со алкотестер било утврдено дека имал 0,67 г/кг алкохол

Коњановски: Инвестиции од над 3 милиони денари за подобра инфраструктура во Битола

Жителите од трите краци на улицата „16-та“ во Битола конечно ќе стигнуваат до своите домови со чисти чевли, благодарение на инфраструктурните зафати што се реализираат во овој дел од градот. По завршувањето

Рекорден број на жртви од мини и неексплодирани убојни средства во 2024 година

Бројот на смртни случаи и повреди од мини и неексплодирани убојни средства ширум светот достигна четиригодишен максимум во 2024 година поради конфликтите во Сирија и Мјанмар, според најновиот извештај на невладината организација

Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 1 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,41%, достигнувајќи ниво од 10.235,76
Go toTop