Априлијада во Скопје

April 1, 2023
1 min read

Во Скопје со повеќе настани денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. Вообичено, на овој ден дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови.

Најшарениот, најрадосниот и најзабавниот настан по повод 1 Април ќе се одржи денеска од 12 часот во Веро центар, каде што дечињата заедно со омилените ликови од „Светот на Биби“ на специјален начин ќе го одбележат Денот на шегата.

На Априлијадата добредојдени се сите дечиња со маски и без маски, како и нивните родители, баби и дедовци. Сите заедно во Веро центар ќе пеат, другаруваат и ќе се забавуваат со јунаците од „Светот на Биби“. Потоа на дечињата ќе им се придружи омилената Биби, која заедно со нив ќе пее, ќе се забавува и ќе го слави 1 Април со многу игра и смеа. Забавата е загарантирана за сите присутни, а сите дечиња кои ќе дојдат маскирани како некој од јунаците од „Светот на Биби“ ќе добијат подарок изненадување.

По повод Денот на шегата, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи традиционален првоаприлски параден концерт на кој ќе бидат изведени маршеви и детски композиции. Концертот ќе се одржи во Градскиот парк, со почеток од 12 часот.

Поради огромниот интерес за детскиот балетски спектакл „“,  денеска на Денот на шегата и маските, во Националната опера и балет ќе се одржат две претсатви.

Петар Пан, капетанот Кука,  Ѕвончица, Венди, индијанци, пирати.., ги повикуваат децата да дојдат маскирани и да ја гледаат претставата, сите заедно да станат голема сцена и на вистински начин да го прослават 1 април: маскирана публика, маскирани актери, многу забава, музика, заразни сонгови што се паметат, танцување… Заедно, од деца за деца, бидејќи во Петар Пан учествуваат по 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт Балет“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лукашенко го брани распоредувањето руско тактичко нуклеарно оружје, вели иницијативата била негова 

Следно

Турското беспилотно летало „Бајрактар Акинџи“ успешно тестираше истрелување суперсонична ракета

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop