Антоновски: Борбата за вистинските вредности продолжува – По патот на Јасмин и Шопов

December 22, 2024
1 min read

„Денеска како главен проблем на идејната изградба среде општествените противречности што ја засегаат културата се јавува неопходноста од решителна борба против формализмот, практицизмот и субјективизмот…“ На овие инспиративни зборови на Мито Хаџи Василев – Јасмин, изречени во педесеттите години на минатиот век, се повика Иван Атоновски, вчера, сабота 21 декември, во Собранието на Северна Македонија, кога му беше врачена државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, за остварувања во областа на публицистиката од интерес на Република Македонија, за книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“. 

– Времето минало, но неопходноста од ваквата борба е останата и уште понагласена денес, кога и натаму, како што порачува Јасмин, „смислата на нашите напори е поттикнувањето на вистинското творештво“, подвлече Антоновски. Авторот на „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ смета дека оваа книга „не можеше да не биде влог во оваа борба, зашто самиот Шопов, сиот свој живот, и како творец, и како општественик и дипломат го има минато како првоборец и против формализмот, практицизмот и субјективизмот – борец за вистинските вредности. Притоа, потврдувајќи ја мислата на Јасмин дека ‘за да се создаде уметност, творецот мора да се раскрие себеси не како апстрактна личност, ами како конкретен субјект’“. 

Размислите на Мито Хаџи Василев – Јасмин за културата, уметноста и поезијата одекнаа и по свеченоста во Собранието. Оддавајќи ѝ почит на Светлана која со своите исцрпни сведоштвата во „Од онаа страна на Небиднината“ му „изгради споменик на Ацо Шопов“, Иван Антоновски нè потсети на тие размисли, на настанот организиран од страна на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ на кој присуствуваа голем број личности од академската, книжевната, уметничката и издавачката фела, инволвирани во јубилејните настани врзани за стогодишнината од раѓањето на Шопов, во 2023 и 2024 година.

„Поетот не може да зборува за својата љубов без предметот на таа љубов; не може да не прикаже определени т.е. свои односи, интензитети, ‘аспекти’ и содржини во самото свое чувство кон љубената, раскривајќи многу нешто и за самата неа како објект“, пишува Јасмин во „Современост“, во 1955 година, кога Шопов е главен уредник на списанието. „Зашто, како и колку ќе биде вљубен поетот (и секој човек)“, продолжува тој, „тоа не зависи само од неговиот темперамент, интелект и чувствителност, туку исто толку и од жената, конкретна, определена, од ‘предметот’ на тоа чувство. Изразувајќи го своето чувство поетот одразува определен животен однос (кој го нема без него, но кој и не е идентичен со него), една од суштините и појавностите на објектот. Само тоа може да биде креирана уметничка реалност кон која доживувањето на другите луѓе не може да остане индиферентно.“ 

И навистина, никој од присутните не остана индиферентен кон изборот од стиховите на Шопов, оние најинтимните, чија генеза може да се разоткрие во „Од онаа страна на Небиднината“ и кои маестрално ги изведе првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По 24-ти пат е накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

Следно

„Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат“, вели Дурмиши

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop