Јован Мицкоски, син на премиерот Христијан Мицкоски, не престојувал во САД на државен трошок, оцени Антикорупциската комисија.
Авионските карти и хотелското сместување на Јован не биле резервирани ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече членот на ДКСК, Зоран Богоевски.
Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена поканата за државна делекација за НАТО самитото. Во делегацијата имало 21 лице, а на тој список не е наведено името на синот на премиерот.
Како што посочи Богоевски, за него биле доставени фискални сметки за исплата во готово, а за сместувњето лицето не престојувало во хотелите на државната делегација, туку во апартмани кои не се фактурирани во име на делегацијата, туку на физичко лице.
„Лицето не било дел од официјалната делегација и не присиствувало на ниту една официјална средба или состанок“, кажа Богоевски.
ИЗВОР: ТВ 21