Анкета во Грција: Нова демократија со намален рејтинг, пад на СИРИЗА на третата позиција

September 3, 2024
1 min read

Грчката владејачка партија Нова демократија со предност од 11,1 отсто пред ПАСОК и понатаму е главна политичка сила во земјата, но со намален рејтинг споредбено со резултатите од европските избори во јуни, додека пак СИРИЗА бележи пад на третата позиција, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „МРБ“ спроведено за грчката телевизија „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина.

Нова демократија добива 21,6 отсто, наспроти 28,3 проценти на европските избори пред три месеци, ПАСОК со 10,5 отсто е на втората позиција, а зад неа, со два проценти помалку е СИРИЗА.

На прашањето каква е ситуацијата во земјата, над шест од десет анкетирани (63,3 отсто) дале негативен одговор односно рекле дека е „доста/многу лоша“, додека оптимисти се само десет проценти од испитаниците.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „МРБ“ за грчката телевизија „Опен“, било спроведено во периодот од 26 до 30 август 2024 година со анкетирани 1.611 граѓани со право на глас и е прва анкета во Грција по летните одмори.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вработените во МАНУ повторно го активираат штрајкот

Следно

Митева до СДС: Опседнатоста со Мицкоски се гледа преку денешната седница каде користите политичка интерпелација како основ да зборувате за премиерот

Latest from Blog

Зеленски во ненајавена посета на Данска во момент кога го презема претседателството со ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неочекувано пристигна во Данска, а телевизијата ТВ 2 објави видео на кое се гледа како тој утрово слетува на аеродромот во Архус. Делегација на Европската комисија, предводена од

Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани

Голема материјална штета предизвика пожар во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека околу пладне добиле повик за интервенција во фабриката

Легендарниот Уругваец ќе се пензионира

Легендарниот напаѓач Луис Суарез ќе стане слободен агент на крајот од оваа година, бидејќи му истекува договорот со Интер Мајами. Како што пишува шпански „Ас“, Уругваецот размислува да стави крај на својата

Бен-Гвир повторно повика на окупација на Газа и мигрирање на Палестинците

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, денес го повтори својот повик за целосна окупација на Појасот Газа, прекин на хуманитарната помош и палестинска миграција од
Go toTop