Анкета во Грција: Нова демократија ќе биде убедлив победник на евроизборите в недела

June 3, 2024
1 min read

Над 30 отсто од гласовите би добила Нова демократија, СИРИЗА двојно помалку, но стабилна на втората позиција, а ПАСОК би била на третата позиција на претстојните европски избори в недела, според истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „MARC“ за грчкиот весник „Прото тема“, јави дописничката на МИА од Атина.

Резултатите од анкетата покажуваат дека рејтингот на Нова демократија е меѓу 30, 4 и 36,2 отсто, СИРИЗА би добила од 14,1 до 18,7 проценти, а ПАСОК од 10,1 до 14,1 отсто, додека пак еден од десет анкетирани рекле дека сè уште не одлучиле за кого ќе гласаат.

Според процените на весникот, владејачката партија би добила осум европратеници, СИРИЗА четворица, а ПАСОК тројца.

На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис како цел на европските избори го постави резултатот од пред пет години, што според последните истражувања на јавното мислење, се чини дека лесно ќе го постигне.

На прашањето како ја оценуваат Владата на Нова демократија во првите десет месеци од вториот мандат, речиси шест од десет Грци одговориле „негативно“ или „веројатно негативно“.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „MARC“ за грчкиот весник „Прото тема“, било спроведено од 29 до 31 мај 2024 година со анкетирани 1. 003 граѓани со право на глас.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Подготовка за лошо сценарио“: Летонија ja зацврстува границата со Русија

Следно

Пропалестинските протести на Универзитетот во Хелсинки влегоа во втор месец

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop