Анкета: Произраелската политика на германската Влада не е поддржана од јавноста

November 24, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Произраелскиот став на германската Влада за војната во Газа не е поддржан од јавноста, покажа новата анкета, пренесува Анадолу.

Анкетата на Институтот „Аленсбах“ покажа дека мнозинството Германци се против заземање страна во израелско-палестинскиот конфликт и силно се противат на воена поддршка за Израел.

Околу 43 отсто од анкетираните рекле дека Германија треба да остане надвор од конфликтот, а 34 отсто се изјасниле дека се согласуваат со ставот дека Германија има посебна одговорност за Израел поради неговото нацистичко минато.

Германскиот канцелар Олаф Шолц постојано изјавува дека за безбедноста на Израел не може да се преговара, а во сегашниот конфликт со Хамас, Германија „има само едно место“, а тоа е „цврсто на страната на Израел“.

Во анкетата, само 31 отсто од испитаниците го поддржаа пристапот на Шолц и рекоа дека ја поддржуваат воената кампања на Израел во Газа против Хамас.

Спротивно на тоа, 38 отсто од анкетираните рекле дека Израел треба да биде повикан да покаже воздржаност за да се спречат жртви меѓу палестинското цивилно население.

Анкетата покажа дека мнозинството Германци очекуваат Владата да заземе поизбалансиран став и да ги засили напорите за дипломатско решение на конфликтот.

57 отсто од Германците рекоа дека Владата на Шолц треба да има посредничка улога меѓу завојуваните страни.

Во меѓувреме, 17 отсто од испитаниците ја критикувале израелската Влада велејќи дека таа воопшто не сака мир.

Околу 38 отсто рекле дека Израел има „премалку разбирање за своите арапски соседи и територии кои се неоправдано окупирани“.

На прашањето за понудата на германската Влада за воена поддршка на Израел, мнозинството од испитаниците се противат на испраќањето муниција или оружје.

Околу 8 отсто од Германците рекле дека поддржуваат испраќање оружје, а само 3 отсто рекле дека германските вооружени сили Бундесвер треба да понудат поддршка на Израел во неговата воена кампања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдена почината жена во кочанското село Бели, осомничен нејзиниот син

Следно

ВИДЕО: Сузбиенa организиранa криминалнa групa инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop