Ангелов: Борбата против потпалувачите мора да биде жестока, бидејќи превенцијата е најдобриот начин

August 14, 2024
1 min read

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните доколку забележат потпалувачи или сомнително движење, да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица.

– Ги повикувам сите граѓани доколку забележат сомнително однесување, односно некое лице им е сомнително дека можеби подметнува пожар или е невнимателно, пали стрниште од кое што може да настане пожар истото итно да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица. Доколку е непријатно или се плашат да пријават на овој број или во станица нека се јават на некој пријател полицаец, на некој пријател шумар, на некој вработен во ЦУК, во ДЗС, во „Национални шуми“ нека се јават на кој било кој ќе ја пренесе оваа информација понатаму, рече Ангелов. 

Вели борбата против оние кои палат мора да биде жестока, бидејќи превенцијата е најдобриот начин, односно, како што рече „кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни“.

– Борбата против оние коишто ги палат овие огромен број на шумски пожари мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме бидејќи превенцијата е најдобриот начин, тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат повнимателни затоа што нема никакво оправдување за ваквото несериозно, невнимателно однесување каде што некои луѓе наивно сметаат дека нема да предизвикаат пожар, дека тие само малку ќе запалат едно стрниште, а тоа што можеби неколку километри понатаму некој ќе умре тоа е ирелевентно. Тие очекуваат дека тоа нема да се случи. Иако е небрежност ќе барам и дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите победенија коишто загрозуваат секојдневно човечки животи, предизвикуваат огромна еколошка штета, но и огромна материјална штета, како и трошење на државните и на локалните ресурси за справување со овие пожари, рече Ангелов.

Во изминатото деноноќие на територијата на државата имало 38 пожари, информираше директорот. Од нив 24 се целосно изгаснати, пет се под контрола, додека девет пожари се активни, односно активни се пожарите во Јасен, Пехчево, Кочани, пожарот од двете страни на Галичица, кај селото Зајас, кај селото Врбен и кај Новаци.

– Апелирам на голема внимателност. Не е наивен пожарот и кај депонија или на сува трева, брзо може да стигне до шума или да загрози човечки живот. Борбата против овие кои палат мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме, бидејќи превенцијата е најдобриот начин. Тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни. Нема никакво оправдување за ваквото несериозно однесување. Ќе барам дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија кои загрозуваат човечки животи и трошат државни ресурси, рече Ангелов.

Упати благодарност локалните пожарникари коишто во текот на вчерашниот ден изгаснале дури 24 пожари на отворено, пожари за коишто Ангелов вели имале потенцијал да се претворат во големи шумски пожари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Долгорочно ги паузираме мировните преговори

Следно

Инвазијата на Курск покажа колкав е проблемот на Русија со нови регрути

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop