Инвазијата на Курск покажа колкав е проблемот на Русија со нови регрути

August 14, 2024
1 min read

Магазинот проценува дека руската армија моментално бележи најголеми загуби од почетокот на војната во 2022, а во исто време не успева да ги надомести загубените војници со нови регрути. Нивните информации се дека регионалните власти во просек се минус околу една третина од зададените квоти.

Доколку не успее регрутирањето со убаво, Русија ќе мора да размисли за нова мобилизација, која најверојатно на јавноста ќе и биде претставена како мерка за ротирање на војниците што се на фронтот.

Блумберг тврдењата ги поткрепува и со речиси непостоечкиот отпор што украинските сили го добија при инвазијата на Курск, кои сега контролираат 1.000 километри квадратни руска територија и продолжуваат да освојуваат.

„Рускиот неуспех до сега да го спречи украинскиот напад и да ја врати контролата врз границата го открива недостатокот на човечки резерви.

Москва има стотици илјади војници на фронтот во источна и јужна Украина каде се соочува со се поголеми жртви и борби кои главно се безизлезни,“ пишува Блумберг.

Путин ја објави првата мобилизација на резервисти во септември 2022, што предизвика паника меѓу Русите од кои речиси еден милион ја напушти земјата. За да не им се повтори ваквото искуство, Кремљ се обиде со најразлични кампањи да ја исполни квотата од 30.000 нови војници месечно за покривање на загубите на фронтот.

„Обемот на руските загуби и недоволните нивоа на нивна замена се повеќе го отежнуваат и спроведувањето на сегашната стратегија за споро напредување и мелење на фронтот во Украина. Повеќе никој не дискутира за освојување на Киев и други градови, бидејќи Русија нема доволно војска за тоа,“ пренесува Блумберг изјава на човек запознаен со ситуацијата.

Освен маркетингот, главна мерка на Кремљ до сега беше зголемување на платите на војниците и бонусот за пријавување. Во јули градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, најави бонус од 22.000 долари за секој доброволец што ќе потпише договор, што е плус на 6.600 долари што годишно им се исплаќаат.

Процената на Собјанин е дека нов регрут во првата година од служењето, доколку ја преживее до крај, ќе заработи 5,2 милиони рубљи, што е неполни 58.000 долари.

Во меѓувреме Путин објави наредба за два пати да се зголеми федералниот бонус што им се исплаќа на новите регрути и да изнесува 4.400 долари, плус идентична сума да дадат и локалните власти. Просечна плата во Русија во мај беше 960 долари.

Блумберг смета дека ангажираноста на владата да собере се што може за пополнување на воените редови се одразува лошо и на индустријата и пазарот на труд кој губи десетици илјади луѓе месечно, што заради регрутација, што заради бегање од истата.              

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангелов: Борбата против потпалувачите мора да биде жестока, бидејќи превенцијата е најдобриот начин

Следно

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 39.965 Палестинци

Latest from Blog

Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – жртвите не смеат да бидат заборавени

По повод 84-годишнината од Дабничкиот масакр, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на 18-те прилепчани кои биле убиени кај Дабница на 19 септември 1942 година. Проданоски порача дека Дабница е едно

Македонската берза со неделен промет од 81,25 милиони денари, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 14–18.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 81.254.481 денари: 67.918.931 денари со акции преку редовно тргување, 20.405 денари со

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на
Go toTop