Андреевски: Во Битола нè очекува вистински празник на боксот

December 20, 2024
1 min read

Битола подготвена го пречекува 30-то поединечно Државно првенство во бокс, при што домашната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“  и македонската јавност ќе ги видат најдобрите боксери од цела Македонија во сите возрасни и тежински категории.

Празник на боксот каде ќе ги дознаеме новите државни шампиони , а во исто време ќе биде возобновен големиот боксерски турнир „Битолски победник“.

„Претседател сум скоро три месеци и за краток период успеавме да добиеме балкански шампиони , вицешампиони  и бронзени медалисти на Балканското првенство во Лозница, Србија. Резултатите продолжија со освојување на Гран при во Загреб, а не го забораваме и огромниот успех на силниот Меѓународен турнир „Златна ракавица“ во Ниш“, вели претседателот на Националната бокс федерација Кристијан Андреевски и додава:

„Во меѓувреме, одлично настапивме на СП во Будва, Европското во Софија. Да не заборавиме, ја завршивме Првата и Младинска бокс лига, и како за крај на овој успешен период или шлаг на тортата, ќе биде токму Државното првенство во Битола“.

Андреевски се осврна и на домаќинството на БК Пелистерски јунак.

„Домаќините БК Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на општината Тони Коњановски и се надеваме дека и битолската публика ќе ужива во овој боксерски хепенинг, воедно и почеток на една голема традиција во името на Битолски победник. Како претседател на Федерацијата, уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите учесници во организацијата на големиот настан, на боксерите и тренерите да им посакам среќа во борбите, а публиката ја повикувам да дојде и ужива и да ги поздрави сите натпреварувачи и официјални лица“, изјави пред големиот настан првиот човек на Националната боксерска федерација.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

НАТО-сојузниците Туркије и Шпанија потпишаа договор за Проектот за обука за млазни авиони

Следно

Осомничените за трагедијата во Нови Сад остануваат во притвор

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop