Андоновски: Владата лицемерно зборува за ЕУ фронт, а во пракса „измисли“ 56 нови директори

February 6, 2024
1 min read

Лицемерно е да се нарекуваат Европски фронт, европска Влада и само Европа им е во секој дискурс, а во исто време клучната работа која што Европа ја бара од Македонија во делот на реформа во јавна администрација за реорганизација да не се случува. Но затоа во овие 6 години за секој помал проблем или за секој партиски војник имаме нова институција“, изјави Стефан Андоновски, заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во вечерашното гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

Тој посочи дека не само што не се скратени тие што постоеле, туку се создадени 56 нови институции во последниве 6 години од кои 16 се органи на државната управа.

„Она што треба да се направи, а го бара и СИГМА, Евопската комисија и меѓународните организации е таа оптимизација и реорганизација, намалување за 10 до 15% од институциите. Поврзување меѓусебно за една надлежност да биде исклучиво во надлежност на една институција. Втората многу значајна работа од таа реформа е целосна дигитализација и автоматизација на процесите со цел сите услуги за граѓаните и бизнисите да бидат достапни со еден клик“, посочи Андоновски.

Извор: Сител – линк ОВДЕ

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна музичкиот фестивал Сан Ремо, италијанскиот избор за песна на Евровизија

Следно

Згодната Џина Џиновиќ ужива на Малдивите: Накитот кој го носи вреди цело богатство (ФОТО)

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop