Андоновски ќе информира за донесувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028

January 21, 2025
1 min read

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе информира за донесувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028.

Министерот Андоновски на јавната расправа за донесување на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028 одржана на 1 ноември 2024 година, истакна дека стратегијата е стратешки документ и „сеопфатна рамка за акција која ќе обезбеди координиран национален одговор на современите сајбер-закани и ќе придонесе за побезбедна дигитална иднина на нашата држава“. Изработена е, како што рече тогаш, со највисоко ниво на транспарентност и инклузивност зашто ги вклучила сите засегнати страни.

Појасни дека стратегијата има пет столба – првиот е градење силни национални капацитети за сјабер-безбедност со воспоставување квалитетна структура која ќе овозможи да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети во сајбер-просторот. Како што рече, во сржта на оваа структура ќе биде новиот сектор за сајбер-безбедност во рамки на Министерството за дигитална трансформација.

Вториот столб се однесува на отпорност и безбедност на нашите суштински важни субјекти т.е. заштита на критичната инфраструктура, како што рече – од енергетскиот сектор до финансиските институции, од здравствен систем до транспортната мрежа.

Третиот столб е посветен на градење општество отпорно на сајбер-закани со два клучни фокуса – едукација на возрасните и заштита на најмладите, како и задолжителни обуки на вработените во јавниот сектор и едукативни програми за оние во приватниот сектор.

Четвртиот столб се однесува на минимизирање на влијанието на инцидентите, со оглед на тоа што, рече Андоновски, на секои 11 секунди некоја организација во светот е подложна на сајбер-напад и нивниот број секоја година расте од 10 до 15 проценти. Нагласи и дека особено внимание се посветува на борбата со сајбер-криминалот.

Петтиот и последен столб од стратегијата е посветен на унапредување на меѓународната соработка во сајбер-безбедноста и сајбер-дипломатијата.

Андоновски тогаш соопшти дека Министерството за дигитална трансформација ќе биде носител на најголемиот дел од активностите со 76 конкретни задачи. МВР ќе биде одговорно за 17 задачи, националниот ЦИРТ за 15, Министерството за одбрана и Армијата за четири и за пет задачи ќе биде одговорно Министерството за надворешни работи, а ќе бидат вклучени и други партнерски институции.

Како контролен механизам за спроведувањето, воспоставена е и рамка за следење и оценување зашто стратегијата, рече Андоновски, „не смее да остане само текст на хартија кој нема да се имплементира“. Министерството за дигитална трансформација ќе поднесува детални полугодишни и годишни извештаи до Владата и до Националниот совет за дигитална трансформација, а ќе се спроведува и годишна темелна ревизија преку специјализирана работна група.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Следно

Младата дизајнерка Атика Амети од Скопје доаѓа со нејзините нови креации за малите принцези (ФОТО)

Latest from Blog

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop