Андоновски и Јорданов го означија почетокот со работа на новиот Центар за услуги во Штип

March 15, 2025
1 min read

Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, го ставија во функција новиот Центар за услуги наменет за грѓаните на Штип и околината.

-Претставува исклучителна важност за нас како Министерство за дигитална трансформација што од одличната соработка со општина Штип, произлезе овој нов проект, нов Центар за услуги кој истоврмено е и меѓу првите во Македонија што го правиме во соработка со општините, истакна Андоновски.

Министерот додаде дека вработените во министерството кои се од територија на градот Штип, од денеска се ставени во функција на граѓаните со цел поголема достапност на граѓаните до поголем број на административни услуги.

“Луѓето кои што се вработени во Министерството за дигитална трансформација одговорни за Штип ќе им издаваат административни услуги на граѓаните, токму тука, ова е еден вид собирање на сите услуги кои што се достапни на порталот да бидат достапни на граѓаните на едно место.”

Тој додаде дека интензивно се работи на нови услуги на националниот портал и наскоро очекува да се приклучат и останатите институции со цел граѓаните да имаат поголема корист и да заштедат на време.

-Мислам дека граѓаните ќе го препознаат ефектот на доближување на услугите до нивното место на живеење, и оние кои не се подготвени за онлајн аплицирање, тоа можат да го сторат со помош на вработените во овој Центар за услуги, заклучи министерот Андоновски

Андоновски го изрази и своето задоволство од соработката со општина Штип, и најави нови заеднички проекти помеѓу Министерството за дигитална трансформација и општина Штип.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Следно

Чупеска: Потребни се реформи, а не политички деспотизам со упад во судството 

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop