Андоновски – Гавковски: Поддршка од Полска за евроинтеграцијата, сајбербезбедноста и дигитализацијата

June 18, 2025
1 min read

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, имаше работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски. 

На средбата, како што соопшти кабинетот на Андоновски, беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во дигитализацијата на јавните услуги и сајбвер безбедноста. Двајцата соговорници ја потенцираа важноста од зајакната регионална и европска соработка во оваа сфера.

– Полска и Министерството за дигитализација ќе бидат најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија. На крајот на претседавањето со Советот на ЕУ, фокусот на полската Влада останува на поддршка на партнерите и пријателите, изјави министерот Андоновски.

Тој истакна  и дека со поддршка од Европската Унија, оваа есен граѓаните на Македонија ќе добијат можност за дигитална лична карта преку мобилна апликација, ова е важен чекор во дигиталната трансформација на општеството.

Средбата претставува потврда на заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка и размена на добри практики.

– Сакаме да бидеме најсилен поддржувач на македонската интеграција во ЕУ, и како ваш традиционален партнер, Полска е подготвена да и помогне на Македонија со експертиза, техничка помош особено во делот на сајбербезбедноста, но и лобирање и поддршка во европските институции, изјави вицепремиерот Гавковски.

Важноста на дигиталната трансформација се гледа во тоа што овој сегмент е еден од клучните во Реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ, стои во соопштението од кабинето на министерот Андоновски.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Симеоне сака Атлетико да го ангажира Ромеро од Тотенхем

Следно

Путин ќе се обрати пред новинари на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop