Андоновска во Аргумент плус: Треба да имаме банка за кожа и да правиме трансплантации на кожа

March 25, 2025
1 min read

Специјалистот по пластична и реконструктивна хирургија, Добрила Андоновска во Аргумент плус рече дека потребно е во Македонија да се отвори и банка за кожа со цел да се прават и такви трансплантации.

Таа зборуваше и за тоа дека добро е да се размисли за отварање на Центар за изгореници.

„Во однос на трансплантација, Македонија за жал немала и се уште нема банка за кожа. Тоа е пропуст бидејќи имаме успеси во други трансплантации. Никој не ја споменува трансплантацијата на кожа. Кога се правеа законите, беше сугерирано да се отвори банка за кожа но не беше профатено. Повикувам да се внесе во програма и да се врати. Сугерирам да се внесе трансплатацијата на кожа, цел процес е, но тоа е неопходно. Не станува збор за сега туку и за во иднина. Кожа се трансплантира и во други повреди не само изгореници“, рече Андоновска.

Таа зборуваше и за тоа дека добро е да се размисли за отварање на Центар за изгореници.

„Никој не критикува и не зборува зошто го немаме, туку станува збор зошто е затворен. Во 2016 год е затворен со изговор дека ќе има некаква реконструкција но тоа не се случи. Не може парите за лекување да се пречка. На ВМА има 26 или 29 кревети, во Буагрија имаат 62 кревети. Идејата беше да нашиот центар биде ова регионален центар да функционира и надвор од државата.  Ние имавме и пациенти од Косово. Во Македонија има врвни стручни кадри но не можат да работат без услови за работа“, додаде Андоновска.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Платини: Денеска си ја вратив честа и среќен сум

Следно

Бела куќа: САД и Русија договориле безбедна пловидба во Црното море

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop