Бела куќа: САД и Русија договориле безбедна пловидба во Црното море

March 25, 2025
1 min read

Делегациите на САД и на Украина ја завршија втората рунда преговори во Саудиска Арабија. Украинската делегација ја предводеше заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Павло Палица, кој остана во Ријад уште еден ден за да одржи дополнителна средба со Американците, кои претходно имаа средба со руската делегација.

Украински извори соопштија дека темите кои Русите ги дискутирале со Американците бараат соодветна реакција од украинската делегација. Во Саудиска Арабија се разгледуваат прашања поврзани со поморската пловидба и безбедноста на цивилната инфраструктура.

„Првиот ден од разговорите беше фокусиран на безбедноста на пловидбата во Црното Море и инфраструктурата. Се работи за нашите пристаништа, вклучувајќи го и Херсон, кој претходно не беше спомнуван во преговорите, но исто така бара заштита, како и црноморското пристаниште Николаев, трите големи пристаништа во Одеса, како и помалите пристаништа. Сето ова е важно за запирање на уништувањето на цивилната инфраструктура и обезбедување на сигурноста на храната.“ – Сергиј Лешченко советник на шефот на претседателскиот кабинет.

Русија сака да ги вклучи ОН во преговарачкиот процес за прекин на огнот, бидејќи Москва има влијание врз организацијата, велат украински извори. Руските медиуми јавија дека Русија и САД не постигнале заедничка декларација по 12-часовните билатерални преговори во Саудиска Арабија, поради ставот на Украина. Американската и руската делегација вчера ги завршија целодневните разговори, кои беа фокусирани на предложениот прекин на огнот на море меѓу Москва и Киев, како дел од дипломатските напори на Вашингтон за отворање пат кон пошироки мировни преговори.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД се свесни дека само Вашингтон може да го спречи гранатирањето на руски цивилни цели од Украина.  Тој рече дека на средбата со американската делегација во Ријад, првенствено се разговарало за прашањата за безбедна пловидба во Црното Море.

„За прелиминарните резултати од разговорите меѓу Русија и САД во Ријад во моментов се известуваат претседателите на двете земји.“ – Сергеј Лавров министер за надворешни работи на Русија.

Портпаролката на Стејт департментот Тами Брус изјави дека Вашингтон ги осудува нападите врз цивилното население и продолжува да работи на прашањето за прекин на огнот во руско-украинскиот конфликт.

„Тековните разговори во Саудиска Арабија се насочени кон постигнување на таа обврска и нејзино исполнување. Она што се обидуваме да го направиме овде е да обезбедиме мир во тој регион, меѓу тие две земји.“ – Тами Брус портпаролка на Стејт департментот.

Додека траеја преговорите, руски ракети го погодија украинскиот град Суми, при што беа повредени над 100 луѓе, меѓу кои 23 деца. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот како последен пример на „загуба, болка и уништување.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновска во Аргумент плус: Треба да имаме банка за кожа и да правиме трансплантации на кожа

Следно

Мицкоски сабајлево: Минималецот ќе се зголеми за 2200 денари. Владата попладне: Зголемувањето ќе изнесува 1812 денари

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop