Анчелоти: Уморен сум од шпекулациите за Винисиус

February 14, 2025
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е изморен од одговарање на прашања за шпекулациите кои го поврзуваат напаѓачот Винисиус Жуниор со преселба во Саудиска Арабија и рече дека сака да се фокусира на тоа колку добро игра играчот во тимот на Реал.

Винисиус е блиску до потпишување нов договор со Реал Мадрид, изјавија извори за Ројтерс во четвртокот, но евентуалниот трансфер во Саудиска Арабија се уште е на дневен ред и повторно беше главен фокус на прес-конференцијата во пресрет на саботниот натпревар од Ла Лига против Осасуна.

– Толку многу прашања. Дали сум уморен од оваа тема? Да. Дали сум загрижен? Не. Дали го гледам среќен? Да. Среќни сме со него, нема што да додадам повеќе од она што го додадов пред една или две недели. Овде не зборуваме за оваа тема, ниту тој зборува за тоа. Го гледам како истиот стар Винисиус, со многу желба да ги направи работите како што треба. На последниот натпревар се снајде многу добро, им рече Анчелоти на новинарите.

Тој последен натпревар беше победата од 3-2 на гостински терен над Манчестер Сити во вторникот во првиот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите, каде Винисиус беше прогласен за играч на натпреварот.

-Го гледам многу мотивиран, особено поради она што го направи на натпреварот против Сити, каде имаше голем притисок и одлично го издржа тој притисок, правејќи ја разликата во натпреварот. Без разлика дали добил понуда или не, можам да ви кажам што гледам овде – среќен играч кој сака да ги прави работите добро и да пишува историја со овој клуб, истакна Анчелоти.

Реал е на врвот на табелата, но Атлетико Мадрид заостанува еден бод, додека Барселона е трета со два помалку од лидерот, а по двата меча во лигата без победа, Анчелоти сака да го види својот тим како ја продолжува формата против Сити.

-Ние сме добро мотивирани и ова е можност да го задржиме водството, што е наша цел. Очигледно ќе биде тежок натпревар, но добро се снајдовме во последниот натпревар и мислам дека треба да го потврдиме тоа. Ова е натпревар во кој треба да ги повториме сите добри работи што ги направивме на натпреварот против Сити, прокоментира Анчелоти. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан разговараше со американскиот државен секретар Рубио за Сирија, Газа и Украина

Следно

Антоновски во Аргумент плус: Предизвик, но и голема одговорност да се пишуваат книги за деца

Latest from Blog

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,
Go toTop