Анчелоти: Го напуштив Реал бидејќи резултатите не беа во согласност со очекувањата

May 30, 2025
1 min read

Доскорешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во денешното интервју за весникот „Марка“ изјави дека го напуштил клубот поради резултатите кои биле под очекувањата, а потоа го презел Бразил бидејќи станува збор за „најдобрата репрезентација на светот“.

-Резултатите не беа онакви какви што очекувавме. Ниту перформансите на тимот не беа добри. Време беше да се направи нешто. По натпреварот против Арсенал, разговаравме за тоа и одлучивме. Тоа беше нешто што можевме да го предвидиме. Тимот не играше добро и тогаш сите сфативме дека е најдобро Реал Мадрид да бара нов тренер, а јас да се осврнам на Бразил, рече 65-годишниот Анчелоти во петокот во Бразил.

Реал Мадрид загуби во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал со вкупен резултат од 1-5, не успевајќи да ја одбрани титулата, а тоа не им успеа ниту во шпанското првенство и Купот на кралот.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучил за селекторската улога во Бразил, италијанскиот стратег рече дека одлуката била лесно да се донесе.

-Лесно е. Ова е најдобрата репрезентација во светот. Не го велам јас тоа, туку петте ѕвездички на дресот. Ниту една друга репрезентација не може да се спореди со нејзиниот статус. Сега предизвикот е јас да ја освојам шестата титула светски шампион, наведе Анчелоти.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевска: Договорот со Обединетото Кралство не може да е коруптивен затоа што има мониторинг од британска експертиза

Следно

Фидан: Мировните преговори во Истанбул им дадоа „нова димензија“ на напорите за мир на Русија и Украина

Latest from Blog

Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат
Go toTop