АНАЛИЗА: Ништо ново на најблискиот исток!

February 23, 2025
3 mins read

Ништо ново не донесе долгоочекуваната средба на шефовите на дипломатите на Македонија и на Бугарија, прва на политички влади, по неуспешните 7 изборни циклуси кај источниот сосед. Додека Муцунски зборувал за взаемна почит и разбирање, почитување на првата на Македонците во Бугарија и пресудите на Стразбур, Георгиев се задржал на неопходноста од вметнување на Бугарите во македонскиот устав, и тоа само како прв чекор, кој ќе му овозможи на Скопје отворање на поглавјата.

Токму таа порака, САМО ПРВ ЧЕКОР, е тоа што внесува недоверба и кај македонската влада и кај македонските граѓани (само 20% сметаат дека уставни измени се неопходен чекор). Доколу таква порака беше испратена од Холандија, Данска или Шведска или која било друга зрела демократија во ЕУ тоа не би било сфатено како закана. Но, од Софија звучи и тоа како заканувачки, придонесувајќи за апсолутна недоверба дека нема да го употреби ветото во следните фази на преговарачкиот процес. Предвидливост на процесот преку уставни измени со одложено дејство е барањето на македонската влада во континуитет. Оттаму прашањето е зошто Бугарија не се согласува, кога на тој начин довербата меѓу двете земји ќе се врати, Бугарија нема да изгуби ништо, а Македонија ќе добие фер мерит систем во преговарачкиот процес на кој чека 20 години?

Одговорот лежи во најмалку 2 инструмента со кои официјална Софија може да условува се до остварување на својата цел – дека на запад од неа има држава во која, освен Бугари живее и македонски народ вештачка творба и тоа од 1945-та, кои зборуваат на бугарски дијалект и кои кога тогаш ќе се приклонат кон матичната им држава.

Првиот инструмент е фамозната заедничка комисија за историски и образовни прашања, чија работа во моментов е само протоколарна (откако Светите Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум претходниот состав ги смести во заеднички чествувања, па заглавија на Охридската Архиепископија). Таа комисија и резултатот од нејзината работа е наведена и во договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017-та година, и во протоколот од меѓувладините седници, а со тоа и во заклучоците на Европскиот Совет.

Што значи тоа? Комисијата има агенда која мора да ја оствари и годишно до владите да поднесува извештаи за темите за кои историчарите постигнале договор, а со тоа и нивна имплементација во учебниците и во датумите за одбележување личности и настани. Иако во договорот не е наведено дека за се мора да се договорат, комисијата има краен рок, а со тоа и алатка во рацете на исполитизираните бугарски историчари во секој момент да и дадат сигнал на Софија да ја спушти рампата за преговори се додека ,,непослушните‘‘ македонски колеги не се согласат со нив.

Вториот инструмент се стотината илјади бугарски пасоши за македонските државјани, добиени откако потпишале дека имаат бугарски корени и самосвест, само да го добијат ,,билетот‘‘ за работа и подобар живот во некоја од земјите членки на Унијата. Ако на пописот во земјава за Бугари се изјаснија 3.504 македонски граѓани, а само 762-ца го зборуваат бугарскиот јазик, јасно е каде и премиерот Мицкоски и македонската дипломатија гледаат скриена агенда. Во случај на вметнување на Бугарите во македонскиот устав сега, прашање на ден е кога офицјална Софија ќе запраша – а каде се другите стотина илјади што потпишале дека се Бугари? Јасно е дека пописот нема да биде признат, дека ќе се побара нов и се додека не се спроведе, ветото ќе биде на сила со образложение дека Македонија, земјата шампион во почитување на човековите и малцинските права, не го почитува слободното изразување на своите граѓани. И така од попис во попис се додека Софија не ги добие посакуваните бројки. Без оглед колку тоа барање да звучи небулозно во европски рамки, правото на вето никој нема да може да и го одземе.

Случајно или не токму реакцијата од бугарското МНР на ставовите на македонскиот премиер зборува за вистинската намера на Софија и гласи: „Почитувањето на правата на малцинствата и обезбедувањето на нивната еднаквост се основни принципи на ЕУ. Во овој контекст, Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, има одговорност да го усогласи своето законодавство и практика со овие принципи. Сакаме да го посочиме фактот дека огромен број граѓани на Република Северна Македонија се стекнале со бугарско државјанство, признавајќи го своето бугарско потекло и идентитет…‘‘

Сонот за неостварената санстефанска Бугарија изгледа се уште е жив. Во тој посакуван проект, од сегашните држави само Македонија целосно влегува во неговите граници. Оттаму, Бугарија нема проблем со бугарски малцинства во уставите на Албанија, Косово, Србија и другите земји, но не и во Македонија. Крајната цел е позната – Еден народ во две држави!
Дали Европската Унија ќе живее со балканизацијата што и се случи, како што предупредува Мицкоски, ќе разговара со Софија, како што најавува или во најмала рака ќе го испрати бугарскиот премиер на кафе-пауза, веројано ќе дознаеме оваа година, ако ,,преживее‘‘ оваа чудна бугарска малцинска влада.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Граѓаните не веруваат на ветувања – санацијата на патот во Идризово доцни, се најавува нов рок

Следно

Орбан: Унгарија ќе одреди дали Украина може да се приклучи на ЕУ

Latest from Blog

Мицкоски за Таравари: Тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои ја пустошеа, криминализираа и ограбуваа Македонија

Денеска во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски рече дека му посакува сѐ најдобро на Арбен Таравари и дека ќе го покани на кафе во Владата. На новинарско прашање по посетата на

Фетел: Не се сомневам дека Хамилтон ќе успее со Ферари

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, го поддржа својот поранешен ривал Луис Хамилтон, поради тешкотиите што Британецот ги доживува откако се пресели во Ферари на почетокот на годината. Тешкотиите што

Путин најави дека утре ќе разговара со претседателот Ердоган за разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните разговори со Украина без предуслови на 15 мај во Истанбул, известува Анадолу. Путин даде изјава за новинарите по настаните одржани по

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје

Синоќа (10/11.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За
Go toTop