Анализа на Костов (ВТОР ДЕЛ): Радар и под радарот – 250 дена прес-клипинг и аудио-видео мониторинг

February 7, 2025
4 mins read

Денес ќе започнам со прашања: Дали во Македонија борбата против медиумски дезинформации е организирана и ефикасна? Заплеткана ли е медиумската сфера во пропагандна мрежа? Кои се најприсутни наративи на влијание(странско) во медиумите?

Опсервацијата и првична анализа на дејстувањето, настапите на медиуми и трибини и пишувањето на колумни, есеи и анализи на наведените професори/дипломати/аналитичари/новинари/медиуми, покажува дека тоа во најголема мера оди во насока на извртување на состојбите, односите и реалноста – во смисла на пуштање во оптек на невистини, полувистини, погрешни информации на јавната сцена во Република Македонија.

Отсуствува професионалност, стручност и објективност, од една страна, но и чесност и етичност, од друга страна. Субјективизмот и пристрасноста, како и дезинформациите, манипулациите и лагите се се поприсутни и во наплив – наплив кој продуцира неточни информации, лажни афери, кои пак прераснуваат во медиумски и општествен спектакл, со лажен сјај. Сите принципи и норми се прекршени, вредностите отсуствуваат, а етиката, одговорноста и моралот се непознати категории.

Се прави обид за создавање на паралелна медиумска реалност, поинаква и спротивна од вистинската реалност во општествената заедница и државата. За таа цел ни се сервираат “експертска демократија“, од професорите, дипломатите и аналитичарите, и “медиумска демократија“, од дел од медиумите и новинарите. Во овие извитоперени демократии основни карактеристики се: Сликата е поважна од суштината; Впечатокот побитен од вистината; Привидот поверодостоен од реалноста; Илузијата поуверлива од мерливиот доказ

Ајде сега некои конкретни случаи, како примери, за да видиме -Кој е кој? Што е што? И што се ни се нуди во некои медиуми?

 

Трибуна како говор на пештерата и однесување како во џунгла

Одиме со Трибуна, и сета збирштина во и околу неа. Ако имаме живци, и јак желудник да истраеме, таму ќе прочитаме: “Македонизмот како примитивизам“, од некој си Атанас Величков; Од едикој си некој си Маргарит Абаџиев, ќе читаме за “Бугарскиот дух во Македонија“; Еден неранимајко Тодор Вангелов пак не учи која ни била вистинската химна, демек ние тоа не го знаеме; Еден двоец без кормилар, Христо Михајлов и Велислав Илиев, ни ги нудат “најновите“ фришко ретуширани истории за Ванчо Михајлов и Тодор Александров; Росне Тахов со небулози не убедува дека Христијан Мицкоски е класичен бугаромрзец; Понатаму, еден типос пак, кој се јавува на името Владимир Перев,  ни вели дека кај нас во тек бил процес “Назад кон титовизам/сталинизам“, и одозгора на тога ни импутира простачки популизам и заговара ревизионизам и ретуширање на нашата национална и државна историја; И како врв на целата оваа историско-лингвистичка логореа, повеќе автори ни подметнуваат фалсификати за транспортот на македонските Евреи до гасните комори, овоземскиот пекол на нацистите и фашистите, кој за среќа на човештвото беше уништен од победниците во Втората светска војна. Демек, Бугарскиот окупатор тој транспорт не го правел, туку некои си китајци (Во училише очигледно ги преспале часовите по историја).

Ете, драги мои Македонци, таков медиум го загадува етерот кај нас и се обидува да ни ја мати свеста. Го финансираат бугарски политици и дипломати на служба во Македонија. Тоа ти е еклатантен пример кога непристојни и нечесни бугарски политичари и дипломати фабрикуваат непристојни и непрофесионални медиуми. Тоа ти е кога политика со темни петна умножува жолти медиуми. Тоа ти еклатантен пример кога бугарски политички Донжуани и дипломатски Минхаузени форсираат и наметнуваат уредници и новинари на лагата, дезинформацијата и омразата, па не знаеш кој се потупави – првите или вторите. Тоа е тоа, кога ќори политици водат, а малоумни тобожем новинари  следат. Може и обратно. И да го  гинализирам портретирањето на бугарските трибуналци: кога во политиката ќе ја воведете подсвеста, кога историјата ви е изрешетена со фројдовски комплекси и синдроми, кога во медиумите ќе вбризгате нагони за негирање и алчност за туѓото,и сето тоа ќе го украсите со презир до ниво на неприфаќање на етичките стандарди и моралните норми, тој експлозивен композит ве води кон зло и нихилизам, продуцирани од свест својствена на добата неолит – го добивате современиот портрет на ексанзионистичка Бугарија – мегаетникум на Балканот. Чист балканизиран макартизам, кој се прикажува како врвна вредност на Европската Унија.

Дечки, ја знаете ли онаа, кој лаже, тој и краде, а богами и вошки има. Е па мислете му ја сега вие. Нешто повеќе и поконкретно за тајните канали(разузнавачки, мафијашки) на финансирање, во едно од следните продолженија.

 

„Слободниот“ печат како полигон за игнорирање на државни празници и навреди на Македонците (Или приказна за македонскиот медиумски трол)

 Пример број два: Слободен печат и 5-6 портали и поткасти до и околу него. Минатата година во четворо број пред Илинден, ниту збор за празникот и јубилејот. Исто и во бројот по празникот – нема ништо како се прославил и одбележал најголемиот македонски празник. Истата приказна се повторува и на 8 септември, никаде во весникот, ниту на насловна, ниту во содржината, ни ош, ни беш за државниот празник. И бројот по празникот, иста приказна. Кој ја смислува таа агенда-сетинг? Има ли грам јавен интерес во неа? А што правиме со националниот и државниот интерес? Така ли ќе го браниме?

И тоа не е се. Овој медиум негува колумни и нивни автори кои интелектуалци, историчари, лингвисти(познати и признати) ги нарекуваат со погрдни навредливи зборови како: Секоја полуписмена будала, џукела, скот, идиот, олигофрен(дебил, имбецил), карикатурални тетки-историчарки, универзитетски тетки, македонската карикатурално-кловновска смешна историческа “интелектуална елита“ и на нив слични, кои не знаеш дали се само дегутантни или и морбидни. И како врв на се, за Македонскиот народ и нација ќе прочиташ: Од ова племе од народ не бидува државотворна нација; Македонците немат државоитворна свест; Македонецот како “Биолошкото дете на Бугарија“ и “Српско копиле“; Македонците се неизлечиво душевно болна нација и многу други говорни бљувотини, кои граничат со реторичка логореа(Опсервацијата на Слободен печат се однесува и за 2023г.).

Господа уредници, колеги новинари, какви се овие ставови на вашите колумнисти? Драги мои, на ваков начин да се навредуваат професори, историчари, лингвисти и интелектуалци, извинете, ама мене тоа ми личи на простаклук, неваспитаност и некултура, кои што јас ги дефинирам како хомокретенизам. А срамното навредување пак на македонскиот народ е ЕКФД – ендемски колумнисстички фундаментализам на дебилитетот.

Сами од себе се наметнуваат прашањата: Дали Законот за медиуми, Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги добро ја регулираат медиумската сфера и дали се почитуваат? Дали и колку ААВМУ ги извршува своите законските обврски? Потребни се измени на КЗ за потребите на медиумската сфера, во смисла на флагрантни навреди и понижувања на поединци и цел народ? Изгубен ли е Советот на честа при ЗНМ во простор и време? Дали кодексот на новинари е “мртво слово на папиру“? Прашања колку сакаш, одговори тук-таму, ама несоодветни, а промени кон подобра медиумска состојба, едноставно нема.

 

Сотир Костов

 

Оваа анализа го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на курир.мк во целина

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дефокус: Село гори, а ОЈО се чешла и занимава со фасади од Скопје 2014-та

Следно

Обвинение за четири лица за злоупотреба при изведбата на барокната фасада на Владата пред 11 години

Latest from Blog

Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда

Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално злоупотребување и пооигрување со лични судбини, притоа надополнети со лаги и неточни

Фон дер Лајен: МКС мора да може слободно да се бори против глобалната неказнивост

ЛОНДОН (АА) – Европа секогаш ќе се залага за правда и почитување на меѓународното право, изјави денес претседателката на Комисијата на ЕУ по извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување

Тошковски: Промени за спасување животи – тестови за дрога, можност за трајно одземање на возило

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во своето обраќање на јавната расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување
Go toTop