Владата во ниеден момент нема да дозволи оваа несреќа да биде заборавена, брифираат извори на Курир.мк. Ова мора да биде МОМЕНТ НА ПРОМЕНА, кога државата конечно ќе стави крај на корупцијата, неодговорноста и злоупотребите во јавниот сектор, појави кои, за жал, минатите децении станаа знак на препознавање во МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО.
Она што се очекува и она што дефинитивно ќе го има во овој трагичен и отрезнувачки случај е што сега ќе има кривична и морална ОДГОВОРНОСТ. Исто, за разлика од досега, ОДГОВОРНОСТА нема да биде само формална. Секој што носел погрешни одлуки ќе се соочи со последици. Најавите се дека Владата ќе демонстрира принципиелност и јасен став дека корупцијата нема да биде толерирана, односно дека ова е битка од типот ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ.
Факт е дека СИСТЕМОТ МОРА ДА СЕ РЕСЕТИРА – ова е борба против чудовиштето што ја проголтува Македонија.
Корупцијата и злоупотребите со години ја поткопуваа и руинираа државата. Оваа трагедија е последен аларм – ИЛИ ЌЕ ГО СРУШИМЕ ОВОЈ СИСТЕМ, ИЛИ ТОЈ ЌЕ НÈ СРУШИ НАС. Владата е решена на радикални промени, единствен начин државата да се справи со напластените мито и корупција, кои придонесоа за востановената мантра кај народот – АКО ПОМИНЕ, ДОБРО. АКО НЕ…
Она што истиот тој народ треба и мора да го разбере е дека ОВА НЕ Е ПОЛИТИЧКА БИТКА, туку БОРБА ЗА ПРАВДА И ОДГОВОРНОСТ
Нашите извори посочуваат дека во ниту еден случај Владата нема да дозволи трагедијата да биде ЗЛОУПОТРЕБЕНА ЗА ПАРТИСКИ ПРЕСМЕТКИ. Ова не е конфликт меѓу партии, туку борба за вистината, за одговорност и за целосно расчистување на случајот. БОРБА ЗА ОПСТАНОК НА МАКЕДОНИЈА, како систем, држава, како општество. Ова е БИТКА НА ЧЕСНИТЕ ПРОТИВ НЕЧЕСНИТЕ, на оние кои сакаат држава со ред против оние кои ја злоупотребиле и злоупотребуваат.
Институциите дејствуваа и ќе дејствуваат ВЕДНАШ И БЕЗ КОМПРОМИСИ.Факт е дека Владата и надлежните органи од првиот момент се на терен и преземаат конкретни мерки. Премиерот и министрите се целосно внесени во битката со овие коруптивни атавизми и ја надгледуваат акцијата, брифираат нашите извори, а институциите работат со целосна мобилизација и полна пареа за да ги утврдат сите факти и да обезбедат правда. Преземени се првите чекори за справување со последиците.
Она што секој исто така мора да го разбере е дека СЕКОЈ ШТО ИМА ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ОДГОВАРА – без разлика на функцијата и припадноста.
Ќе се утврди одговорност за сите кои дозволиле објектот да работи без соодветни дозволи. Владата е јасна, ценат нашите извори – НЕМА ДА ИМА ЗАШТИТЕНИ, А ЗАКОНИТЕ ЌЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ. Ова важи за сите, без разлика од која институција, партија или професија доаѓаат.
Она што одамна требаше да се направи, за превенирање на вакви таргедии ќе се стори сега, од новата Влада. БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ЌЕ СЕ ЗАОСТРАТ за никогаш да не се повтори ваква трагедија Владата ќе иницира и иницира ТЕМЕЛНА РЕВИЗИЈА на сите угостителски објекти, кабареа, ноќни клубови и сали за настани. Ќе се воведат построги регулативи за противпожарната заштита и лиценцирањето на објектите. За промена, иститие ќе треба да се почитуваат, не као досега. И овде, во случајот на оние кои замижувале на аномалиите, казните ќе бидат драконски и за пример.
Истражната постапка е во тек и ќе биде транспарентна. Владата гарантира дека ИСТРАГАТА ЌЕ БИДЕ ДЕТАЛНА И ОБЈЕКТИВНА. Сите информации ќе бидат јавно објавени, а граѓаните ќе знаат целата вистина. Досега е потврдено дека објектот работел со фалсификувана лиценца, издадена за мито од 200.000 денари. Арам тежок 3,5 илјади евра, МИТО кое однесе 59 животи. Кое нема да мине неказнето…
Ќе има ХРАБРИ И ОДЛУЧНИ ЧЕКОРИ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, кои јавноста слободно може да ги очекува.
Изворите откриваат дека Владата најавува нови мерки за реформа на институциите и целосна пресметка со корупцијата. Некои од овие одлуки ќе бидат неочекувани, но се НЕОПХОДНИ ЗА ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ.
Она што ќе биде ѕвезда водилка во промената на ДЕВАСТИРАНИОТ СИСТЕМ е фактот што ГРАЃАНИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ПРАВДА, а Владата ветува дека ќе ја обезбеди. По секоја цена.
Ова не смее да биде и да остане уште еден случај каде што институциите не реагирале. Ова не смее да биде продолжение на ЛАСКАРЦИ, МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ ВО ТЕТОВО, ОНКОЛОГИЈА, ТАРГЕДИЈАТА ВО БУГАРИЈА СО АВТОБУСОТ НА БЕСА ТРАНС. Случаи кои со неказнивоста на главните протагонисти продуцираа следни. Доста е! Владата ќе осигура дека СЕКОЈ ОДГОВОРЕН ЌЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН, а државата ќе направи сè за безбедноста на сите граѓани, ценат нашите извори.
Она што не смее да се дозволи и што треба да им биде јасно и на политикантските стрвинари е и фактот што Владата, напатеното македонско општество и гневниот народ нема да дозволат ПОЛИТИЧКИ ИГРИ НА ГРБОТ НА ТРАГЕДИЈАТА.
За жал, Опозицијата во некрофилски залет веќе се обидува да го користи овој момент за политички напади, традиција во нивното дејствување поведено од нивната историја и ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА ЛИЧНИ ТРАГЕДИИ, како Малата Тамара, Нешковски, Младенов, но и грозоморни случаи како Монструм, Диво Насеље. Ова НЕ Е ВРЕМЕ ЗА КАЛКУЛАЦИИ, ТУКУ ЗА ЕДИНСТВО И ОДГОВОРНОСТ, нешто за што цела Македонија верува дека опозицијата ќе го сфати и нема да застрани водена од добивање ситни политички поени.
ОВАА ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА МОРА ДА БИДЕ ПРЕСВРТНИЦА – државата да и ќе докаже дека владее правото. Нашите информации водат кон тоа дека Владата е подготвена да спроведе сеопфатни промени за да ја врати довербата во институциите и да стави КРАЈ НА НЕКАЗНИВОСТА.
За ова ја има целосната поддршка на МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО. Без пардон и без исклучок! Не постои жител на оваа напатена земја кој со две раце и со душа нема да ја поддржи иницијативата за справувањето со девијациите кои не донесоа на ова најниско дереџе. Македонија е во очекување да ги види виновниците пред лицето на правдата.
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ!
ИЗВОР: kurir.mk