Американското разузнавање ја прогласи контраофанзивата за пропадната

August 23, 2023
2 mins read

Процената се базира на „руската брутална вештост во одбрана на окупираната територија преку фаланга од мински полиња и ровови, и веројатно ќе доведе до размена на обвинувања меѓу Киев и западните престолнини, за тоа зошто контраофанзивата која доби десетици милијарди долари западно оружје и воена опрема не ги исполни своите цели“.

Мелитопол е клучен за контраофанзивата бидејќи се смета за „порта“ кон Крим. Градот е на раскрсница на два важни автопати и железница, кои и дозволуваат на Русија да движи воен персонал и опрема од Крим кон останатите окупирани територии во јужна Украина.

По 10 недели контраофанзивата украинските сили моментално се на неколку километри од Роботине, кое е повеќе од 80 километри оддалечено од Мелитопол.

Украинската офанзива не почна ни сјајно како што се очекуваше во пролетните месеци откако уште во првата недела Русите успеваат да уништат секакви типови западна опрема и оклоп што им беа испратени на Украинците. Ваквите загуби беа предвидени од Украинците и западните сојузници но во нивните пресметки тоа беа прифатлива жртва за пробивање на главната руска одбранбена линија. Проблемот е што тоа пробивање никогаш не се случи, а загубите беа уште на првите одбранбени линии на руската армија.

Западните воени аналитичари објаснуваат дека патот до Мелитопол е екстремно тежок, па дури и освојување на помали и помалку важни градови, како Токмак, се очекува да биде предизвик.

„Русија има три главни одбранбени линии, а зад нив се утврдени градови. Прашањето не е само дали Украина може да пробие една или две линии, туку дали тие можат да ги пробијат сите три и да имаат доволно сили по целата таа истоштеност за да постигнат нешто позначајно како освојување на Токмак или нешто позади него,“ ја пренесува Вашингтон пост изјавата на воениот аналитичар од Форин полиси институтот, Роб Ли.

Ситуацијата на украинскиот фронт во Вашингтон полека се претвора во нов судир, во кој републиканците, а и некои демократи, ја критикуваат владата дека милијардите долари помош не дале никакви резултати, и дека САД грешат што поскоро не и дале помоќно вооружување на Украина. Ставот на американските власти е дека Ф-16ки и проектили со поголем домет, како АТАЦМС, немаа да доведат до значително поинаков исход.

„Проблемот е да се пробие главната руска одбранбена линија, а нема никаков доказ дека овие системи ќе го решеа тоа,“ изјавил висок американски функционер.

Делот од контраофанзивата од кој што Пентагон е задоволен е што таа многу успешно ја уништува руската армија, „која моментално се наоѓа во прилично лоша состојба“.

Пентагон до сега неколку пати и има препорачано на Украина да концентрира најголем дел од своите сили на една точка на удар и така да ја пробие руската линија.

Околу странските негодувања со бавноста на контраофанзивата, украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, на критичарите им порача да се приклучат на легијата на странци, ако сакаат побрзи резултати.

Аналитичарите со кои разговара Вашингтон пост објаснуваат дека Украина се соочува со повеќедимензионални предизвици, „но сите се согласуваат дека Русија ги надминала очекувањата кога е во прашање вештоста со која ја бранат окупираната територија.“

„Најодлучувачки фактор за тоа како до сега се одвива офанзивата беше квалитетот на руската одбрана. Тие имаа многу време и ја подготвија многу добро… и направија да биде многу тешко за Украина да напредува,“ објаснуваат Ли.

Сега Пост потсетува и на тоа дека Украинците, вон западните препораки, зимоска истурија неверојатни ресурси на луѓе и опрема во одбрана на стратешки небитниот Бахмут, кој на крај го загубија.

„Фокусирањето на Бахмут остави дел од администрацијата на Бајден загрижена дали преголемото посветување на истокот можеби ја еродирало нивната сила за изведување на контраофанзива на југот,“ пишува Пост.

Една од опциите што се уште е во игра е Украина „вон сите историски норми“ да ја продолжи контраофанзивата и низ зимата, кога комплетната операција неспоредливо се компликува, колку воено, толку и логистички.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во Скопје, пронајдени оружје и муниција

Следно

Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Скопје

Latest from Blog

Гоце Делчев, 23 јануари 1902: „Да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“,

„Зелениче е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси градска. Многу од мажите носат панталони. Питоми, приемчиви, гостопримливи луѓе. Ова е првпат да го видам Делчев на работа овде. Тој

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува

Плус Инфо: Двојни аршини и спорни квалификации во постапувањето на Обвинителството во случајот „Пулс“

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој однесе 63 човечки животи, прераснува во сериозен тест за македонскиот правосуден систем, не само поради тежината на последиците, туку и поради правните преседани

Коњановски: Визијата на Гоце Делчев и денес ја води Македонија

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Делегација од Општина

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин е потсетник на „болните времиња во бракот“.
Go toTop