Американскиот претседател Венс: Украина „немаше да постои без великодушноста на САД“

February 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс остро ги критикуваше изјавите на украинскиот претседател Владимир Зеленски за претседателот Доналд Трамп, велејќи дека Украина „немаше да постои без великодушноста“ на Вашингтон, јавува Анадолу.

„Претседателот Зеленски, неговата земја не би постоела без великодушноста на Соединетите Американски Држави. Затоа (тој треба) да каже благодарам“, рече Венс во интервју на маргините на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците, голем собир на Републиканската партија во Вашингтон.

„Сите знаеме дека претседателот ќе ви каже дека лошото зборување за него во јавноста не е начин да се натера претседателот Трамп да се премисли. Така што, мислам дека Зеленски треба да има подобри консултанти“.

Тој го повика Зеленски да му телефонира на Трамп или на некој од дипломатите на земјата во случај на несогласувања.

„Не одете на медиумска турнеја низ Европа со лош глас за претседателот“, додаде американскиот потпретседател, нарекувајќи го тоа навредливо за Трамп, како и „навреда за мене, навреда за американскиот народ“.

Зеленски и Трамп оваа недела еден за друг разменија остра реторика во врска со состанокот на американските и руските официјални претставници во Саудиска Арабија кои се сретнаа да дискутираат за прашања како крајот на војната во Украина, што предизвика загриженост во Киев и меѓу европските лидери за нивно исклучување од разговорите.

Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, истакнувајќи дека Украина ја започнала руско-украинската војна во февруари 2022 година, додека Зеленски рече дека Трамп живее во „простор на дезинформации“.

За време на разговорите во Саудиска Арабија, Зеленски во вторникот престојуваше во посета на турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од каде што изјави дека во сите разговори за ставање крај на војната во Украина мора да биде вклучена и Украина.

Во своето претседателствување, Трамп е познат по персонализирањето на односите со другите земји, често велејќи дека му се допаѓаат одредени шефови на држави, а за други дека не му се допаѓаат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како во времето на комунизмот: Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

Следно

Даниела Алексовска во финалето на Европското ММА Првенство

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop