Како во времето на комунизмот: Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

February 21, 2025
1 min read

Претседателот на СДСМ Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврдила Централната изборна комисија.

Ова потсетува на златните времиња на комунизмот од кој и произлегува СДСМ, партија наследник на имотот на македонските комунисти.

Комисијата одржала седница за разгледување на поднесените кандидатури за претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори.

-Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ: 1. Венко Филипче, соопштија денеска од СДСМ.

Одлуката на Комисијата ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмата на кандидатот а ќе биде доставена и до сите Општински изборни комисии.

СДСМ, велат оттаму, е единствената партија во земјата во која што членството бира претседател на директни внатрепартиски избори што, како што нагласуваат, говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите.

Познавачите на состојбите прогнозираа дека СДСм во игра ќе ја стави и Фани Сорос, особено поради анти-Трамп движењето во партијата кое е доминантно поради одличните односи на САД со ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, марионетата на најголемиот Трампов противник, Џорџ Сорос, нема да се вклучи. Можеби, поради тоа што знае само два-тројца во партијата, како што и самата изјави. Поверојатно, ценат познавачите, поради тоа што така решил Заев.

И така, демократската партија ќе избира меѓу Венко и Филипче.

Резултатот, ќе бил неизвесен до крај…

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

КАРИЛ се подготвува за реновирање – изготвен план за упатување на пациентите 

Следно

Американскиот претседател Венс: Украина „немаше да постои без великодушноста на САД“

Latest from Blog

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да
Go toTop