Американскиот министер за одбрана: САД ќе му помогнат на Израел доколку биде нападнат

July 31, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе му помогнат на Израел доколку биде нападнат, јавува Анадолу.

Остин, говорејќи на прес-конференцијата за време на посетата на Филипини, ја повтори подготвеноста на САД да му помогнат на Израел, неколку часа откако Хамас соопшти дека нивниот политички лидер Исмаил Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз резиденцијата каде што престојувал во главниот град на Иран.

„Јас не мислам дека војната е неизбежна. Меѓутоа, ако Израел биде нападнат, се разбира дека ќе помогнеме во одбраната на Израел“, рече шефот на Пентагон.

Истакнувајќи дека не сакаат ситуацијата да дојде до таа точка, Остин рече дека напорно работат за да помогнат да се намали моментната тензија и проблемот да се реши по дипломатски пат.

Остин рече дека нема информации за убиството на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Иран, освен тоа што е објавено во медиумите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пак ќе пробаат да го скинат Трамп до ноември?

Следно

Се „крчкаат“ нови измени на Кривичниот законик

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop