Американски воздушни напади во Сирија: Ова е одмазда

March 24, 2023
1 min read

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека одмаздничките напади биле извршени по наредба на претседателот Џо Бајден врз објекти што ги користеле милитантните групи поврзани со Исламската револуционерна гарда на Иран

Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран кои се одговорни за претходен напад со беспилотно летало во кој загина еден, а повредени се неколку припадници на американските сили.

Пентагон синоќа објави за нападот врз американскиот персонал и за американските воздушни напади врз милитанти.

Нападот на базата на коалициските сили кај Хасака во североисточна Сирија се случил во 13 часот и 38 минути по локално време.

Според разузнавачките информации, постои сомневање дека нападот е извршен со беспилотно летало од иранско потекло, соопшти американската армија, што може дополнително да ги влоши и онака заладените односи помеѓу Вашингтон и Техеран.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека одмаздничките напади биле извршени по наредба на претседателот Џо Бајден врз објекти што ги користеле милитантните групи поврзани со Исламската револуционерна гарда на Иран.

„Воздушните напади беа извршени како одговор на денешниот напад, како и на серија неодамнешни напади врз коалициските сили во Сирија од страна на групи поврзани со ИРГЦ“,

истакна Остин.

Американските трупи од почетокот на годината нападнати се 78 пати од групи поддржани од Иран.

Генералот Ерик Курила, командант на Централната команда на САД на Блискиот Исток, во обраќањето пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом на САД вчера, предупреди за флота на ирански беспилотни летала.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фон дер Лајен: ЕУ ќе организира конференција за руското киднапирање деца од Украина

Следно

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Latest from Blog

Косовскиот парламент евакуиран поради добиена безбедносна закана

Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-то продолжение на конститутивната седница. Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во

Во израелски напади во Газа врз шатори и училишта-засолништа убиени 21 Палестинец

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 Палестинец е убиен, а десетици се повредени во израелските напади од раните утрински часови во Појасот Газа, соопштија медицински извори, јавува Анадолу. Седум лица се убиени, а
Go toTop