Американската амбасада ги предупреди своите државјани да избегнуваат подрачја во Белград

June 28, 2025
1 min read

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија ги предупреди своите државјани да ги избегнуваат подрачјата во Белград каде што денеска ќе се одржат протести и собири, а издаде и мерки што ги препорачува.

– Доколку се најдете во близина на собири или насилни ситуации, веднаш напуштете ја таа област. Ако не сте во можност да заминете, пронајдете безбедно место за засолниште, порача американската амбасада во безбедносно предупредување објавено на својата веб-страница.

Освен избегнување на подрачјата, амбасадата на САД им препорачува на своите државјани и да ги следат локалните медиуми, да останат во затворен простор, да обезбедат доволни залихи на храна и вода, како и да направат планови за евакуација или засолништа ако евакуацијата не е можна.

Се наведува и дека американските државјани можат да се обратат до амбасадата, и се повикуваат да се пријават во програмата „Smart Traveler Enrollment Program“ (STEP) за да добиваат известувања.

Амбасадата наведе дека на протестите се очекуваат десетици илјади луѓе, дека можат да се одвиваат на повеќе локации, како и дека полицијата очекува голем метеж, затворање на мостови и улици, застои во сообраќајот, како и дека се можни прекини во работата на мобилната телефонија.

Во Србија денеска се слави Видовден, а во текот на денот се најавени неколку настани – протест на студентите во блокада во Белград, литературна вечер пред Народното собрание, доделување одликувања, и свечената седница на српската Влада во Крушевац.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охрид домаќин на 7. Балканска олимпијада по физика

Следно

Џамијата Ал-Бар од отоманската ера во Јафа стои како симбол на трајно наследство

Latest from Blog

Почина Алексис Ортега, актерот што го синхронизираше Спајдермен

Актерот Алексис Ортега се прослави со синхронизацијата на Питер Паркер во Марвеловиот филмски универзум. Во официјалното соопштение објавено на Инстаграм-страница посветена на светот на синхронизацијата се наведува: „Со жалење објавуваме дека почина

МУСКУЛИТЕ ШТО МУ ПОМАГААТ НА СРЦЕТО Зошто листовите се „второ срце“

Повеќето луѓе мускулите на листовите ги доживуваат исклучиво како помош при одење, трчање или одржување рамнотежа. Сепак, зад нивната секојдневна функција се крие изненадувачки важна улога за целиот организам. Зад мускулите на

Доаѓа месецот на страста: Астролозите откриваат кој хороскопски знак го чека свршувачка, кој селидба, а кој конечен крај во февруари

Љубовниот хороскоп за февруари носи судбоносни промени за сите хороскопски знаци без исклучок. Водолија и Лав донесуваат ненадејни одлуки за брак или раскинување на почетокот на овој непостојан месец. Ова не е
Go toTop