Америка и Европа се разделуваат поради Украина

September 3, 2023
1 min read

Европа и САД се на работ на најзначајното свесно раздвојување во меѓународните односи во последните децении. НАТО победи во Студената војна, се прошири низ Европа, тоа е најуспешната безбедносна групација во модерната глобална историја. И може да се распадне до 2025 година, пишува во Атлантик.

Причината за овој колапс би била длабоката разлика во погледите помеѓу популистичкото крило на Републиканската партија – предводено од Доналд Трамп, но сега јасно го сочинува мнозинството од Републиканската партија – и егзистенцијалните безбедносни грижи на поголемиот дел од Европа. Непосредниот катализатор за колапсот ќе биде војната во Украина.

Изминатите неколку недели открија дека перспективата на Трамп не е само краток џингл во републиканската политика; сомнежот околу оправданоста на американската вмешаност во Украина сега има консензус во популистичкото срце на партијата. За време на претседателската дебата на Републиканската партија, Рон ДеСантис и Вивек Рамасвами – двајцата кандидати кои најмногу ѝ се обраќаат на базата на Трамп, се изјаснија против уште поголема помош за Украина.

ДеСантис го направи тоа меко, велејќи дека повеќе е загрижен за безбедноста на границата со Мексико, а Рамасвами отворено побара целосен и итен прекин на американската поддршка за Украина. Отиде и чекор понатаму, во основа велејќи дека Украина треба да се пресече а Путин би можел да задржи дел од земјата. Трамп, ДеСантис и Рамасвами анимираат околу три четвртини од републиканскиот електорат.

Друг предводник на промените кон Украина е фондацијата Херитиџ, влијателен конзервативен тинк-тенк кој има огромна улога во политичките кругови на Републиканската партија уште од времето на Реган. На почетокот тие го предводеа воинственото крило на партијата,  денес повикуваат за запирање на помошта додека Бајден не понуди план за ставање крај на војната.

Дури и ако Џо Бајден победи на реизборот, републиканската контрола на Домот, Сенатот или на обете институции значително би ја ослабнала американската поддршка за Украина. А ако претседателското место го добие Трамп или некој сличен, Европа би можела да се соочи со прекин на секаква помош за Украина.

„Ова би направило самата Америка да стане пречка за долгорочна слободна и стабилна Европа. Тоа би ја поделило атлантската алијанса, а европските држави не се подготвени за таа опција“, пишува Филип Пејсон О’Брајан во Атлантик.

Европа би можела да се најде и во внатрешна дипломатски раскол. Земјите од истокот (како Полска и Романија) и северот (балтичките и скандинавските нации) сакаат да ја видат Русија поразена. Но, земјите од запад и југ (кои се чувствуваат помалку загрозени од Русија) би можеле да бидат склони да ја следат новата американска администрација која се повлекува од Украина и се обидува да склучи договор со Русија. Во најлош слуај тоа може трајно да ја скрши европската соработка.

Ако за година ипол, САД едноставно дигнат раце од Украина, Европа нема шанси да ја надомести загубата во помошта. Може само да проба да ја ублажи дупката но и за таа опција, подготовките треба да почнат уште денес. А не почнуваат.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени седум лица во Велес кај кои била пронајдена дрога

Следно

(ВИДЕО) Култниот фестивал во Невада стана хорор-приказна: Дождот ја претвори пустината во кал, еден загинат

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop