Алтун по нападот врз тимот на ТРТ во Газа: Израел ќе одговара за злосторствата

August 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Шефот на Канцеларијата за комуникации на турскиот претседател, Фахретин Алтун, го осуди израелскиот напад врз репортерската екипа на ТРТ во Газа, јавува Анадолу.

Алтун на социјалните мрежи истакна дека Израел напаѓа и новинари.

„Го осудувам нападот врз тимот на ТРТ кој беше директна цел на израелските снајперисти додека беше на должност. Во Газа повеќе нема место ниту на гробиштата. Освен геноцидните злосторства, Израел секако ќе биде одговорен за нападите и масакрите врз ТРТ и другите новинари, кои отворија ‘комуникациски коридор’ од Газа кон светот, му посакувам брзо закрепнување на репортерот на ТРТ, Сами Берхум, како и на целиот тим на ТРТ“, рече Алтун.

Израелската армија нападна возило со тим на ТРТ Араби во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во област за која се тврди дека е безбедна.

Сами Берхум, дописникот на ТРТ Араби Газа, рече дека на израелските војници цел им било возило во Кан Јунис, иако тоа било новинарска екипа.

„Бевме цел четврти пат од почетокот на војната, иако имавме прес-возило, шлем и елек. Отидовме да правиме вести во област северно од Кан Јунис, која Израел ја смета за безбедна, каде што раселените Палестинци се концентрирани“, рече Берхум.

Тој истакна дека во нив пукале израелски снајперисти стационирани на ридовите.

„Тие пукаа и во возилото и околу возилото. Продолжија да пукаат околу 15 минути откако се оддалечивме пет метри од возилото“, рече Берхум.

Тој истакна дека во Газа нема безбедно место.

„Израелските војници нè гаѓаат директно, без никакво предупредување. Директно ни го гаѓаа возилото, го гаѓаа ветробранското стакло на возилото и нашиот снимател“, рече Берхум.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Сè уште е можен прекин на огнот во Газа“

Следно

Блинкен: Решавачки момент за мировните преговори за Газа

Latest from Blog

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022
Go toTop