Алтун: „Не треба да бидеме рамнодушни пред израелските дезинформациски кампањи за Газа“

February 20, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, рече дека Израел во Газа спроведува и културен геноцид со цел и духовно да го уништи овој регион, известува Анадолу.

Алтун зборуваше на панелот „Геноцид во Газа: Нови докази“, организиран од страна на Агенција Анадолу.

Алтун во своето обраќање рече дека верува оти овој панел ќе биде еден од главните настани на кој злосторствата што ги изврши Израел во Газа ќе бидат забележани пред законот, историјата и совеста на човештвото.

„Со сликите што ги добивме со работата на теренот низ овие настани, ќе покажеме дека израелските масакри не се ‘наводни’ туку ‘конкретни’. Ќе ги забележиме како ‘докажани воени злосторства за кои постојат докази’. Тоа е нашата цел“, нагласи Алтун.

Зборувајќи дека во моментов во Газа се случува геноцид, Алтун подвлече дека злосторството геноцид не е само чин на масовни убиства туку и сеопфатен напад врз материјалното и духовното постоење на еден народ.

„Израел не само што ги масакрира луѓето што живеат во Газа, тој, исто така, прави културен геноцид за духовно да ја уништи оваа регија. Од почетокот на нападите врз Газа потполно се уништени 100 училишта и 194 џамии, а тешко се оштетени 295 училишта, 266 џамии и 3 цркви. Израел се обидува потполно да го елиминира постоењето на народ со култура, традиција, обичаи и сите искуства. Неодамнешните напади на регионот Рафа, каде Израел депортираше под изговор дека станува збор за ‘БЕЗБЕДНА ЗОНА’, е јасен пример на геноцидна политика“, рече Алтун.

– Израел во потполност го игнорира хуманитарното право во Газа

Напоменувајќи дека хуманитарното право регулира како државата ќе користи сила во случаи на вооружени судири, Алтун рече дека кога Израел е во прашање, може да се зборува само за беззаконие, суровост и неправда, а не за закон и додаде дека хуманитарното право во Газа во потполност се игнорира од страна на Израел.

„Израелското упорно и систематско целење на цивилите и цивилната инфраструктура претставува јасно кршење на хуманитарното право. Интензивната употреба на оружје, како што се фосфорни бомби, кои се забранети според разни договори, особено врз цивилното население во Газа, е јасен доказ дека Израел изврши воено злосторство“, рече Алтун.

– Докази од книгите што ги подготви АА пред Меѓународниот суд на правдата

Алтун зборуваше и за книгата „Докази“ на Агенција Анадолу (АА), која е составена од визуелен материјал кој може да се смета за темелен доказа на израелските злосторства.

„Горди сме бидејќи денес гледаме дека доказите од оваа книга стигнаа до Меѓународниот суд на правдата“, додаде Алтун.

Истакнувајќи дека не треба да се биде рамнодушен пред кампањата на дезинформации наспроти направениот геноцид и варварските обиди на Израел сето тоа да го нормализира, Алтун додаде дека рамнодушноста доведува до тоа лагите и измислените вести да ја менуваат вистината.

„Доколку станеме рамнодушни, ќе ги нормализираме израелските злосторства и ќе го спречиме нивното казнување. Како Дирекција за комуникации на Претседателството на Република Туркије, уште од првиот ден се бориме против дезинформациите, рамнодушноста и заборавањето“, истакна Алтун.

– Медиумите што го поддржуваат Израел користат опасна тактика на еднострано известување

Зборувајќи дека Центарот за борба против дезинформации, што дејствува во рамките на Дирекцијата за комуникации, досега открил 200 лажни вести на Израел, Алтун напомена дека денес, за жал, значаен дел од западните медиуми вложуваат интензивни напори во обид да ги направат невидливи масакрите што ги изврши Израел.

„Многу западни медиуми за судирите известуваат од перспектива на Израел, а се обидуваат да ги сокријат трагедијата и геноцидот во Газа“, рече Алтун.

Напоменувајќи дека медиумите што го поддржуваат Израел користат и опасна тактика како што е „еднострано известување“, Алтун нагласи дека сите наидуваат на интервјуа на западните медиуми со Израелци во текот на дневникот, при што интервјуираните лица ѝ се прикажуваат на публиката како жртви.

„Непромислените геноцидни активности на Израел и соработката на мнозинството западни медиуми во тој контекст, ги прават важни и стратешки активностите во борбата за вистината на нашите медиумски институции, особено Агенција Анадолу“, заклучи Алтун.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Москва одби меѓународна истрага за Навални

Следно

Над 180.000 банкноти од 500 евра се повлечени од оптек во Косово

Latest from Blog

Хамас ги негира тврдењата на Нетанјаху, вели дека е посветен на договорот за прекин на огнот во Газа

АНКАРА (АА) – Палестинската група на отпорот Хамас денес ги негираше тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводно поништување на договорот за прекин на огнот објавен од посредниците, повторувајќи ја својата

Трајановски: СДСМ не ги завршија патиштата затоа што беа заложници на ДУИ

Јавна тајна е дека двете експресни сообраќајници не беа завршени, а можеби и никогаш немаше да бидат завршени заради фактот што ДУИ немаше интерес во делниците Страцин-Крива Паланка и Градско-Дреново. Причината е

Директор на комунално претпријатие од Гази Баба обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со

Кога ќе ги добие Македонија првите исплати во 2025 година од Планот за раст на ЕУ?

Европската комисија работи на забрзување на исплатата на средствата за предфинансирање на Македонија во рамките на Планот за раст за Западниот Балкан, потврди портпарол на Комисијата за МИА. – Службите на Комисијата
Go toTop