Алиу во посета на Гостивар: Здравствениот дом со проект за надградба и реконструкција првпат по речиси 50 години

September 20, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Здравствениот дом во Гостивар и заедно со директорот, Вулнет Оломани направија обиколка на оваа здравствена установа по повод изготвениот проект за реконструкција и надградба.

-Директорот ме информираше за тековните подготвителни активности за реконструкција на Здравствениот дом по речиси педесет години, во рамки на која е предвидена доградба на уште еден нов кат, со што сите дисперзирани служби ќе бидат сместени во ист објект, како што се биохемиската лабораторија, патронажа, спортска медицина, систематски прегледи и администрација. Овој проект е од исклучително значење за моите сограѓани од Гостивар, за сите пациенти кои добиваат здравствена услуга тука, како и за целиот здравствен кадар кој работи во оваа здравствена установа, истакна министерот Алиу при посетата.

Инаку, со цел кадровско зајакнување на здравствениот дом Гостивар веќе е објавен оглас за 19 нови вработувања, меѓу кои шест доктори, девет медицински сестри и останат технички кадар. Постапката за вработување на овие лица ќе продолжи по завршување на изботниот процес.

Исто така, во моментот четворица доктори од оваа установа се упатени на специјализација од областа на биохемија, педијатрија, ургентна медицина и спортска медицина.

Воедно, министерот Алиу присуствуваше на државниот натпревар по прва помош, кој се одржа на градскиот плоштад во Гостивар. Натпреварот ги обедини екипите од целата држава, кои демонстрираа знаења и вештини од областа на прва помош.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ѓорѓиевски: Пензионерите се темелот на Македонија и патоказ за младите

Следно

Израел продолжува со нападите врз Газа – Хамас објави проштална фотографија од заложниците

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop