Алиу: Секој доброволен дарител на матични клетки претставува надеж за спасување човечки животи

September 20, 2025
1 min read

По повод Светскиот ден на дарители на коскена срцевина, Министерството за здравство ја истакнува важноста на националниот дарителски регистар, кој функционира во рамки на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет-Скопје.

Националниот регистар е единствениот официјален регистар во државата и досега се овозможени вкупно 69 трансплантации на пациенти од државава и три на странски пациенти со клетки од македонски дарители. Во него се регрутирани повеќе од 6.000 доброволни дарители.

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод денот истакнува дека „секој доброволен дарител на матични клетки претставува надеж за спасување човечки живот. Министерството за здравство останува целосно посветено на поддршка на Националниот дарителски регистар. Благодарение на солидарноста и хуманоста на дарителите, денес имаме пациенти кои добиле нова шанса за живот.“

Министерството за здравство изразува благодарност на сите дарители и ги охрабрува граѓаните со цел нивно вклучување во регистарот, бидејќи секој нов дарител значи нова шанса за живот

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нејмар повторно се повреди, Сантос во зоната на испаѓање

Следно

Денес го славиме Светиот маченик Созонт

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop