Алиу: Буџетот за образование зголемен на 11,5 милиони евра, покажуваме посветеност на образованието

January 17, 2025
1 min read

Заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу денеска на прес-конференција истакна дека Владата за годинава буџетот за образование го зголемила за повеќе од два милиони евра и е во вредност од 11,5 милиони евра.

-За 2025 година Владата одлучи да го зголеми буџетот за образование како никогаш досега. Значи, станува збор за буџет кој ќе достигне вредност од 11,5 милиони евра, сума која во 2024 година изнесуваше само девет милиони евра. ВЛЕН го зголеми буџетот за образование за повеќе од два милиони евра. ВЛЕН се залага за зголемување на квалитетот на образованието, бидејќи сметаме дека најважната алка во државниот систем е образованието, всушност, за нас тоа е главниот фактор за создавање нова и продуктивна перспектива, рече Алиу.

Ова, потенцира заменик-министерот, ја покажува сериозноста и посветеноста на ВЛЕН на најделикатното поле на образованието кое, како што рече, беше во тотална летаргија.

-Со гордост, задоволство и целосна одговорност ја информираме пошироката јавност дека ВЛЕН го зголеми буџетот и за Универзитетот во Тетово каде за 2025 година се предвидени 18 милиони евра, додека буџетот на истиот универзитет за 2024 година изнесуваше 12 милиони евра. Значи, имаме зголемување од 6 милиони евра за оваа година. Ова е промената од план во терен. Нашата одговорност не завршува тука, бидејќи нашиот пристап не е ниту селективен, ниту половичен, со големо внимание се грижиме за нашите јавни универзитети бидејќи ја знаеме и историјата на нивното основање. Затоа, слично како и на Универзитетот во Тетово, издвоивме многу пати поголем буџет од претходните години. За Универзитетот „Мајка Тереза“ за 2025 година се издвоени и 4,8 милиони евра. Министерството за образование и наука во 2025 година се подготви за зголемување на квалитетот на наставата, преку подобрување на образовната инфраструктура, реформирање на системот за финансирање преку грантови и обезбедување квалитет и ефективност во високото образование во согласност со добрите европски практики. Коалицијата ВЛЕН со голема одговорност се залага и за средното образование каде што предвидовме зголемување на буџетот во 2025 година на 29 милиони евра. Со зголемување на платите на наставниците и во основното и во средното образование. Нашата влада ќе продолжи да се залага за реконструкција на основните училишта и изградба на спортски сали во основните училишта, рече тој.

Заменик-министерот нагласи дека во текот на оваа година ќе се ангажираат за подобрување на квалитетот на животот на студентите, преку подобрување на условите во студентските домови. Посочи дека Владата предвидело зголемување на буџетските средства планирани за енергетската рехабилитација на студентските домови во вредност од шест милиони евра.

Посочи дека ВЛЕН се залага за добро владеење, подобар квалитет во образованието и подобри услови за студентите.

-Затоа што тоа се национално богатство на оваа држава и затоа мораме да ги третираме како такви. ВЛЕН е иднината на Албанците во С.Македонија. Студентите се сегашноста и иднината на земјата и регионот, рече Алиу.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен бројот на заболени од грип во Грција

Следно

Трајков учествуваше на Првата седница на Националниот совет за евроинтеграции

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop