Зголемен бројот на заболени од грип во Грција

January 17, 2025
1 min read

Во изминатата седмица во Грција бил зголемен бројот на заболени од грип со регистрирани 24 нови сериозни случаи и тројца починати, додека позитивноста на заразени со Ковид-19 е намалена, но зголемен е бројот на хоспитализации со вирусот и починале 24 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 6 до 12 јануари, бројот на болни од грип останува над границата на сезонската активност со 24 сериозни случаи, кои се хоспитализирани на интензивна нега, а зголемен е бројот и на починати од лабораториски потврден грип.

Во однос на Ковид-19, стапката на позитивност кај сите тестирани примероци е намалена споредбено со претходната седмица, хоспитализирани биле 648 лица, бројка повисока од просечниот неделен број на нови приеми во болница, со оглед на тоа што во претходните четири седмици бил 525 пациенти, а бројот на смртни случаи е 24, што е во рамките на просекот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентката повредена на протестот во Белград во стабилна состојба, деканите го осудија нападот

Следно

Алиу: Буџетот за образование зголемен на 11,5 милиони евра, покажуваме посветеност на образованието

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop