Алијанса за Албанците сè поблиску до владиното мнозинство – програмите усогласени, на ред се кадровските решенија

January 31, 2023
2 mins read

Се надевам дека деновиве што се пред нас ќе го отвориме и прашањето за кадровските решенија. Најмногу се задржавме на програмските определби на нашата партија и Владата и за работи кои треба да ги истераме заедно во периодот што останува до крајот на мандатот на оваа влада, рече Таравари по средбата

Потврда за средбата со Таравари стигна и од Владата, но преку соопштение од прес-службата во кое се наведува дека премиерот Ковачевски и Таравари разговарале за повеќе актуелни теми врзани со стратегиски определби на државата, но никаде не се наведува дека разговарале за проширување на владиното мнозинство

Околу 90 отсто од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме затоа што средбата траеше многу долго, рече лидерот на Алијанса за Албанците по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Шансите за влез на Алијанса за Албанците во Владата се огромни. Договорот не е дефинитивен, но веројатноста тоа да се случи е реална, потврди Таравари.

„Се надевам дека деновиве што се пред нас ќе го отвориме и прашањето за кадровските решенија. Најмногу се задржавме на програмските определби на нашата партија и Владата и за работи кои треба да ги истераме заедно во периодот што останува до крајот на мандатот на оваа Влада“,

рече Таравари.

На прашањето дали добиле некаква понуда од Владата за распределба на ресори, Таравари рече дека за тоа воопшто не разговарале, но сепак потврди дека како партија имаат најдобри кадри за Министерството за здравство.

Во однос на програмата од пет точки, со која Таравари замина на средба со Ковачевски, рече дека во неа станува збор за определбата на државата за евроинтеграции, законите за борбата против корупција, законот за влада, Бирото за рамномерен развој да биде Агенција за рамномерен развој и други закони, рече Таравари.

Прашан дали евентуалниот влез на Алијанса ќе предизвика несогласувања во Владата бидејќи Алтернатива се противи, Таравари рече дека тоа е работа на коалициските партнери во Владата.

Потврда за средбата со Таравари стигна и од Владата, но преку соопштение од прес службата во кое се наведува дека премиерот Ковачевски и Таравари разговарале за повеќе актуелни теми врзани со стратегиските определби на државата, но никаде не се наведува дека разговарале за проширување на владиното мнозинство.

„На средбата, премиерот Ковачевски и Таравари разговараа за повеќе актуелни теми врзани со стратегиските определби на државата. Разговарани беа придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, отпочнувањето на преговорите со ЕУ со крајна цел полноправно членство во ЕУ како и стратегиското партнерство кое Северна Македонија го има формализирано со САД“,

се наведува во соопштението.

Во фокус на разговорите, како што наведуваат од Владата, биле и неприкосновената борба против корупција, како и процесот на скринингот кој досега успешно се одвива, но и процесот на носење одлуки и реформи кои ќе придонесат до што поскора интеграција на земјата во ЕУ.

Ковачевски и Таравари, велат од Владата, разговараа и се согласија за важноста од унапредувањето на добрососедските односи кои се одлика на македонската политика и дипломатија низ годините, со крајна цел – внатрешна кохезија и меѓународна интеграција на Северна Македонија, но и иден брз напредок и развој на државата.

Дополнително, премиерот Ковачевски и Таравари разговараа за ефикасното справување со енергетската и економската криза, економскиот развој како и носењето на реформски закони кои значат унапредување на функционирањето на државата како што се законските решенија за јавна финансиска контрола, спречување на злоупотреба на балансерот, заштита на ранливите категории граѓани, како и законот за Влада, но и институционалното зајакнување на Бирото за регионален развој.

Од Владата посочуваат дека работните состаноци на премиерот со парламентарните и вонпарламентарните политички партии, на кои фокусот е продолжувањето на европскиот пат и носењето одлуки исклучиво во интерес на граѓаните и државата, ќе продолжат и понатаму.

Според информации што се шират во јавноста во понудата за влез на АА во Владата ќе бидат министерствата за правда и за здравство и во зависност од рокадата на ресори меѓу СДСМ и ДУИ меѓу министерствата за образование, екологија и за земјоделство, едно ќе биде за Алијанса.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И Шеврон сака зелено: долари

Следно

САД сакаат да спречат Косово да влезе во Советот на Европа додека не го смени ставот за Заедницата на српските општини

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop