Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност на снимањето на филмскиот сет

February 1, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот актер Алек Болдвин официјално е обвинет за убиство од небрежност поради пукањето на сетот на вестерн-филмот „Раст“ во 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Властите на почетокот од овој месец најавија дека претстојат обвиненија.

Хана Гутерез-Рид, која беше задолжена за огненото оружје на сетот, е исто така обвинета за убиство од небрежност.

Гутерез-Рид на сетот на „Раст“ беше задолжена за контрола на оружјето, додека Болдвин беше актер и продуцент на филмот, на кој не се продолжи со снимање по смртта на кинематографката Халина Хачинс.

Првата обвинителка на сојузната американска држава Њу Мексико, Мери Кармак-Алтвис, на 19 јануари објави дека ќе ги поднесе обвиненијата.

„По темелно разгледување на доказите и законите на државата Њу Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и другите членови на филмската екипа на „Раст““, рече таа во изјавата. „Во моја смена, никој не е над законот и секој заслужува правда.“

Хачинс почина во октомври 2021 година откако пиштол реплика што го држеше Болдвин, пукна, фатално застрелувајќи ја кинематографката и ранувајќи го режисерот за време на проба.

Обвинителот објави дека на Болдвин и Гутерез-Рид им се заканува затворска казна до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари за убиство од небрежност според законите на сојузната држава. Обвиненијата вклучуваат и обвинение за користење огнено оружје, што го прави кривичното дело казниво со задолжителна затворска казна од пет години.

„Ако некој од овие тројца луѓе – Алек Болдвин, Хана Гутерез-Рид или Дејвид Холс – ја работеа работата како што треба, Халина Хачинс денес ќе беше жива. Толку е едноставно“, рече Андреа Риб, специјалната обвинителка назначена за случајот. „Доказите јасно покажуваат образец на казниво непочитување на безбедносни мерки на сетот на филмот „Раст“. Во Њу Мексико нема простор за филмски сетови кои не ја сфаќаат сериозно посветеноста на нашата држава за безбедност од оружје и јавната безбедност.“

Холс, помошник-режисерот на филмот, се изјасни за виновен по обвинението за несовесна употреба на смртоносно оружје и доби условна казна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува изградбата на гасоводот меѓу Србија и Бугарија

Следно

Карпош продава над 40.000 квадрати државно земјиште кај касарната „Илинден“

Latest from Blog

Тајланд ја нападна Камбоџа – изведени воздушни напади

Тајланд денеска изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако двете земји се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот во кој посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската

Дневен хороскоп за 8 декември 2025 година

Овен Почетокот на неделата носи внатрешна тензија помеѓу вашата желба да дејствувате смело и вашите вистински ограничувања. Марс, вашиот владетел, се судира со Сатурн, создавајќи чувство на доцнење. Наместо да се предадете

Денеска се празнува Свети Климент Охридски – Чудотворец

Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна

Сидни Свини за почетоците во Холивуд: Ќе ви кажуваат повеќе „не“ отколку „да“

На премиерата во Њујорк на нејзиниот нов филм „The Housemaid“, 28-годишната актерка откри што верува дека е клучот за долгорочен успех во суровата филмска индустрија. Љубовта кон глумата е пред сè „Искрено,

Селта приреди сензација: Реал доби жешка шлаканица на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Младиот 21-годишен шведски напаѓач Вилиот Сведберг уште долго време ќе го памети и прераскажува вечерашниот натпревар на „Бернабеу“ и неговите два гола со кои Селта направи првокласна сензација победувајќи го „кралскиот клуб“
Go toTop