Албанската опозиција со еден пратеник помалку? – Исмаили: Чекам да се смири ситуацијата, ќе има оддалечување или зближување

September 19, 2023
1 min read

реклама



Пратеникот Хисни Исмаили поканет на емисијата 10 минути во ТВ21 зборуваше за последните случувања во опозициската партија ААА, како и за неговите односи со претседателот на оваа партија, Африм Гаши. Исмаили рече дека ги замрзнал активностите и не учествува во состаноците на раководството. Што се однесува до тоа дали во иднина ќе делува како независен или како пратеник на ААА, истакна дека останува да видиме како ќе тече дебатата во партијата.

Х.И.: Кога немаме контакти, мојот глас останува независен и го презентирам електоратот кој ме избра, односно огранокот Тетово.

реклама

Н: И со ова велите дека албанската опозиција има еден пратеник помалку?

Х.И.: Ќе видиме како ќе се развиваат работите, ќе има зближување или оддалечување.

реклама

Н: Значи чекате конечно да се дефинираат?

Х.И.: Дебатата продолжува, можеби пред малку се изразив како да е војна, но тоа е дебата, разговор, ќе видиме како ќе се развиваат работите, дали ситуацијата ќе се смири, ќе има зближување или оддалечување.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина ќе ја пречека Македонија во Прага

Следно

МНТ ѝ оддава почит на актерката Катина Иванова

Latest from Blog

Модриќ е итно опериран, Хрватска стравува за Светското првенство

ФОТО: ACMilan.com Лука Модриќ, капитен на хрватската репрезентација, беше итно опериран попладнево по повредата здобиена во неделата навечер. Милан и Јувентус одиграа нерешено без голови во дербито на Серија А, а Модриќ

СТАРМЕР НА МРАЗ: Британскиот парламент гласа за започнување истрага

Во вторник, британскиот парламент ќе гласа за евентуално покренување истрага против британскиот премиер Кир Стармер, поради сомневање дека го довел во заблуда Долниот дом во врска со назначувањето на поранешниот амбасадор во

Проданоски и Николоски извршија увид: завршена реконструкцијата на „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, извршија увид на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп, каде реконструкцијата е целосно завршена. Со проектот

Коњановски: Инфраструктурен бум во Битола – 53 километри нови и реконструирани улици

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на прес-конференција информираше за тековните и планираните проекти во градот, нагласувајќи дека во моментов се реализираат над 80 проекти со поддршка од Владата и дека се работи
Go toTop