Албанската опозиција ја отфрли идејата на Ахмети – Муртезани: Ќе настапиме со посебна листа

September 20, 2023
1 min read

реклама



Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, пред неколку дена за ТВ21 ја откри својата идеја на следните избори сите албански партии да настапат заедно на една листа.

А.А.: Подготвен сум на една листа. Односно сите албански партии на една листа, и денес тоа е техника..

реклама

Н: Сите политички субјекти со вас?

А.А.: Со нас, со нас, но секој со своја автономија.

реклама

Но, албанската опозиција не се согласува. Орхан Муртезани од Алтернатива вели дека веќе ја формирале здружената албанска опозиција и на следните избори ќе настапат со посебна листа.

„Го создадовме албанскиот опозициски фронт и секако дека ќе одиме со посебни листи“, вели Орхан Муртезани.

реклама

Соработката на изборите меѓу сите албански политички партии ја поздрави и поранешниот шеф на АА, Зијадин Села. Сепак, Села додаде дека не би сакал да соработува со албанската опозиција, поради, како што рече, горчливите искуства во минатото.

„Ако продолжиме со ваква авантура, можеме само да испратиме порака дека сакаме да нè изневеруваат, ништо друго. Зарем овој народ не ја научи лекцијата, ќе бидат во право. Велам дека досегашното искуство покажа дека сме подале рака и сме згрешиле“, вели Зиадин Села.

За изјавите на Села, Муртезани вели дека АА во моментов е во незавидна позиција и додава дека сега е време АА да одлучи дали, како што вели, ќе остане опашка на ДУИ, или ќе премине во опозиција.

„Искрено ни е жал за ситуацијата во која се најде Алијанса за Албанците и за крајно неповолната позиција, се додека тие се во оваа неповолна положба, не може да се очекува да донесат каква било рационална одлука. Според она што го гледаме, изгледа дека имаат само две опции. Првата работа на следните избори е да стане опашка на ДУИ како што направија во Владата и да останат со двајца-тројца пратеници на тие заеднички листи. А втората опција е некои од оние кои не се согласуваат со оваа одлука да се отцепат и да ни се придружат“, порача Орхан Муртезани.

Во однос на соработката со АА, Движењето Беса и Демократското движење вчера изразија отвореност. Од Беса порачаа дека Таравари е добредојден да се приклучи на опозицискиот фронт, но прво мора да го разјаснат својот став дали се оградуваат од политиките на оваа власт.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КЗБ препорачува задолжително носење маски во здравствените установи

Следно

Тодоровиќ не е повеќе во куќен притвор – со измените на КЗ, делото наместо во 2043, му застарува оваа година

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

На лондонскиот пазар попладнево барелот се тргуваше по пониска цена за 3,34 долари отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, која изнесуваше 65,98 долари. На американскиот пазар, беше поевтин
Go toTop