Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

September 23, 2025
1 min read

Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук напиша дека одлуката за разрешување на заменик – министерот од функцијата ја донесла по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.  

Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало вознемиреност кај присутните.

“Добив жалба од наш сонародник во Њујорк, кој, заедно со своето семејство бил во ресторан. Беше загрижен поради фактот што заменик-министерот за внатрешни работи Махила пушел цигари во истиот ресторан. Спроведов соодветна проверка и му го соопштив на заменик-министерот неговото разрешување од должност“, пишува Кочиу.

Министерката нагласува дека таквото однесување не може да се смета за невина грешка, туку за јасно кршење на законот.

“Секој може да направи грешка ненамерно и тоа може добро да се разбере, но пушењето цигари во ресторан не е ненамерна грешка, туку неоправдано кршење на законот. Уште повеќе за раководител на институција како што е Министерството за внатрешни работи“, додава таа.

Албана Кочиу е прва жена на чело на полицијата во историјата на Албанија. Во минатата влада беше министерка за здравство. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ливерпул се огласи откако Салах не ја доби „Златната топка“

Следно

Посебен дар или проблем – способност за ментално патување низ времето што ја поседуваат само стотина луѓе во светот

Latest from Blog

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и
Go toTop