Албанија: Во операција против наркотици запленети 500 килограми канабис

December 12, 2023
1 min read

ТИРАНА (АА) – За време на операција против наркотици во Албанија, запленети се 500 килограми наркотично средство од типот канабис сатива, а 7 лица се приведени. Според информациите што ги објавија албанските власти, наркотичните средства биле спакувани за транспортирање во Туркије, пренесува Анадолу.

Директорот на локалната полициска управа во Валона, Ермал Мучај, на прес-конференција истакна дека од интензивните увиди спроведени во рамки на оваа акција произлегува дека приведените граѓани организирано делувале во трговија со канабис сатива кон турската држава преку морски патишта.

„Истрагите покажаа дека некои граѓани, организирани како група, вршеле криминални активности за производство и шверц на наркотици и се подготвувале преку морската граница да пренесат поголемо количество наркотично средство од типот канабис, со цел трговија во Туркије“, нагласи Мучај.

Во полициската операција за борба против наркотици, именувана како „Ресет“, приведени се 7 албански државјани, а се трага и по неколку други државјани, жители на Валона и Тирана.

Според полицијата, при проверките се запленети 34 пакувања со различни големини канабис сатива, со вкупна тежина од 500 килограми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина ќе даде смртна казна за мито од 420 милиони долари?

Следно

Кремљ внимателно ќе го следи состанокот на Бајден и Зеленски во Вашингтон

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop